Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата

    Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата

    10.06.2026 во 17:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница и реплицираше на пратеничката од СДС, Јованка Тренчевска и ја праша зошто доколку Љупчо Николовски бил добар како министер во нивно време го разрешиле, како и дали е скандал обелоденувањето на некој скандал и неговото побрзо заташкување со цел да се скрие некој партиски војник или да се обелодени некој скандал и веднаш да се повика правдата и институциите да реагираат.

    „Ако беше добар Љупчо Николовски како министер во ваше време, зошто го разрешивте? Па го ставивте за борба со корупција, па видовме како се избори со корупцијата. Да имавте вие министер за земјоделие како што е Цветан Трипуновски за овие две години немаше да седите во тие клупи таму и немаше сега да му се заканувате дека за скоро ќе седел таму. Не вие уште долго ќе седите таму, седите и молчете. Само немојте да мислите дека тука залегнати ќе и се скриете на правдата“, рече Стојаноска.

    За време на говорот на Стојаноска од собраниската говорница, од своето место дофрлаше Љупчо Николоски од СДС, на што Стојаноска му одговори:

    „Вас Ве видовме за две години повеќе од четири, и вие многу сте вознемирен, зошто, се плашите од нешто? Се плашите од правдата? Па нели вие требаше да ја воведете правдата во вашите седум години? Не ја воведовте. Затоа полека со доживувањата ќе Ве молам ако е можно, и затоа немојте да се заканувате, а најмалку барем вие. Затоа што народот го навикнавте кога вие нешто кажувате народот знае дека е спротивното од она што вие го кажувате. Зошто, не знам, веројатно затоа што сте биле „многу добар“ министер за земјоделие којшто во целото образложение на интерпелацијата еден поглед не упати кон актуелниот министер. Можеби е тоа моќта на потсвеста, можеби тоа говори во Вас дека сте исплашен и дека сега мислите со една интерпелација ќе кажете дека министерот Трипуновски не работел. За две години има сработено многу повеќе отколку вие, два пати по две што сработивте“.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.