Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди.
По преземени мерки, во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот.
За настанот известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
- Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
- Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
- Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
- „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
- Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
- Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
- Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

