- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Конфликтот на Блискиот Исток предизвикува сериозни финансиски загуби за Европа, зголемувајќи ги трошоците за увоз на фосилни горива за речиси 500 милиони евра дневно. Оваа алармантна бројка ја соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур. „За само 60 дена конфликт, нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 27 милијарди евра, без притоа да добиеме ниту една дополнителна молекула енергија“, истакна Фон дер Лајен, посочувајќи на неодржливоста на моменталната состојба. Ситуацијата би можела дополнително да се влоши поради најавите од Вашингтон. Според пишувањата на „Волстрит џурнал“,…
Со 70 гласа „за“ и 11 „против“ пратениците ги изгласаа измените на Законот за Влада со кои се укинува Техничката влада по наредните парламентарни избори, кога и тие да се одржат. Измените кои ги предложи владејачкото мнозинство се спорни за опозициската СДСМ која обвинува дека по укинувањето на т.н. Пржинска влада, власта ќе спорведе изборна кражба.
Европската Унија ја започнува имплементацијата на новата дигитална апликација „Travel to Europe“, чија цел е да го забрза преминувањето на надворешните граници за државјаните од трети земји, во рамките на новиот систем ЕЕС (Entry/Exit System). Новиот режим на патување ќе ги опфати и македонските граѓани, за кои наскоро заминуваат во историјата печатите во пасошите. Според европски извори, системот предвидува секое преминување на границата да се регистрира дигитално, со земање биометриски податоци, како отпечатоци од прсти и фотографирање. За да се избегнат долгите редици, креирана е апликацијата „Travel to Europe“, преку која патниците ќе можат однапред да ги внесат своите податоци.…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје му посака добредојде на претседателот на Швајцарската конфедерација, оценувајќи ја Швајцарија како еден од најзначајните партнери на земјава во развојната соработка. Во рамки на посетата се одржала и работна средба на која, покрај високата швајцарска делегација и претставници на македонската Влада, присуствувала и домашната бизнис-заедница. Фокусот на разговорите бил ставен пред сè на економските перспективи. „Разговаравме за сите можности, за предизвиците, но и за сето она кое нѐ поврзува и како сето тоа да го зголемиме и засилиме во периодот којшто следува. Убеден сум дека нашите билатерални односи ќе го достигнат нивото кое го…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави клучни законски измени во борбата против семејното насилство, со кои полициските службеници ќе добијат ново, суштинско овластување. Според предлогот, полицијата ќе може веднаш, на самото место, да изрече итна мерка за заштита која вклучува отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контакт со жртвата. На денешната надзорна расправа пред собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Тошковски истакна дека семејното насилство е прашање преку кое најјасно се гледа дали функционира системот, критикувајќи го досегашниот фрагментиран пристап со задоцнети реакции. „Полицискиот службеник ќе може веднаш да изрече итна…
Според календарот на Македонската православна црква, утре се одбележува споменот на неколку значајни светители чиј живот и страдање оставиле длабока трага во христијанската историја: Светите маченици Кирик и Јулита, Светиот руски кнез Владимир и Светиот маченик Давид Алепски. Света Јулита била благородничка која рано останала вдовица со своето новороденче Кирик. За време на прогоните на христијаните од страна на Диоклецијан, таа пребегнала од Иконија во Селевкија, но и таму била фатена и изведена на суд. Откако храбро ја признала својата вера, судијата се обидел да ја поколеба земајќи го нејзиното тригодишно дете во раце. Но, малиот Кирик извикал дека и…
Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) ги објави најновите податоци за криминалитетот за 2025 година, кои укажуваат на значително влошување на безбедносната состојба и зголемување на сите главни индикатори во споредба со претходната година. Според извештајот пренесен од агенцијата АТА, минатата година во Албанија биле регистрирани вкупно 38.345 кривични дела, што претставува висок скок од 17,4 отсто во однос на 2024 година. Овој негативен тренд е проследен и со раст на бројот на осомничени сторители, кој достигнал 45.334 лица (зголемување од 13,2 отсто). Демографската слика на сторителите покажува дека огромно мнозинство, односно 93,3 отсто се мажи, а најзастапената возрасна група е…
Цените на нафтата на глобалните берзи денеска ја надминаа психолошката граница од 108 долари за барел. Трговците со зголемена внимателност ги следат најавите за нова рунда преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, исход кој директно би влијаел на снабдувањето со енергенси преку стратешкиот Ормуски теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по цена од 108,50 долари, што претставува значителен раст од 3,17 долари во однос на затворањето на берзите на крајот од минатата недела. Сличен тренд е забележан и во САД, каде цената се зголеми за 2,28 долари и достигна ниво од 96,68 долари за барел. Пазарите бурно реагираат…
Во пресрет на претстојната туристичка сезона и очекуваниот зголемен сообраќаен метеж, започна инсталирањето на системот „Безбеден град“ (Safe City) во најголемите туристички центри во земјава. Во Охрид и Струга во моментов се поставуваат вкупно 40 сообраќајни камери, а ваков видеонадзор веќе е инсталиран и на патниот правец Охрид-Кичево. Како што информираат надлежните, камерите се поставуваат на повеќе стратешки локации. Во фокусот се кружните текови на влезовите во Охрид и централното градско подрачје. Дополнително, дел од опремата претходно беше инсталирана на критичните точки на патот кон Кичево, поточно кај селата Горенци, Требеништа, Ботун и Ново Село во Општина Дебрца. Проектот засега…
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР денеска (27 април 2026 година) спречи сериозен безбедносен ризик во јавниот превоз во главниот град, откако откри и лиши од слобода возач на автобус кој работел без возачка дозвола. Според информациите од полицијата, инцидентот е регистриран на улицата „Панајот Гиновски“ во скопската населба Ѓорче Петров. Полициските службеници запреле автобус марка „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, кој во моментот вршел јавен превоз на патници. При рутинската контрола било утврдено дека 54-годишниот возач со иницијали З.С. од Скопје воопшто не поседува важечка возачка дозвола за управување со вакво моторно возило. Полицијата веднаш…
