Close Menu
Press24
    Најново

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски најави ново овластување: Полицијата веднаш ќе ги брка насилниците од дома, без согласност од жртвата

    Тошковски најави ново овластување: Полицијата веднаш ќе ги брка насилниците од дома, без согласност од жртвата

    28.04.2026 во 00:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави клучни законски измени во борбата против семејното насилство, со кои полициските службеници ќе добијат ново, суштинско овластување. Според предлогот, полицијата ќе може веднаш, на самото место, да изрече итна мерка за заштита која вклучува отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контакт со жртвата.

    На денешната надзорна расправа пред собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Тошковски истакна дека семејното насилство е прашање преку кое најјасно се гледа дали функционира системот, критикувајќи го досегашниот фрагментиран пристап со задоцнети реакции.

    „Полицискиот службеник ќе може веднаш да изрече итна мерка за заштита на жртвата. Мерката ќе се изрекува веднаш, без согласност од жртвата, и ќе важи до 48 часа, по што Судот ќе ја потврди, укине или ќе ја продолжи до 30 дена“, појасни Тошковски.

    Ваквото постапување, кое предвидува заштита врз основа на полициска проценка на ризик и непосредна опасност, е целосно усогласено со Истанбулската конвенција.

    Дополнително, министерот најави дека паралелно со овие законски измени, МВР активно работи на воведување на т.н. „боди-камери“ (камери на тело) за полициските службеници. Целта на оваа технолошка новина е прецизно да се документираат интервенциите при пријави за семејно насилство, со што драстично ќе се намали можноста за манипулации и различни толкувања на настаните во подоцнежните судски постапки.

    Прочитај повеќе

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.