Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Загрижувачки скок на криминалот во Албанија: Зголемен бројот на кривични дела и насилство во 2025 година

    Загрижувачки скок на криминалот во Албанија: Зголемен бројот на кривични дела и насилство во 2025 година

    27.04.2026 во 23:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) ги објави најновите податоци за криминалитетот за 2025 година, кои укажуваат на значително влошување на безбедносната состојба и зголемување на сите главни индикатори во споредба со претходната година.

    Според извештајот пренесен од агенцијата АТА, минатата година во Албанија биле регистрирани вкупно 38.345 кривични дела, што претставува висок скок од 17,4 отсто во однос на 2024 година. Овој негативен тренд е проследен и со раст на бројот на осомничени сторители, кој достигнал 45.334 лица (зголемување од 13,2 отсто). Демографската слика на сторителите покажува дека огромно мнозинство, односно 93,3 отсто се мажи, а најзастапената возрасна група е од 30 до 44 години.

    Она што особено загрижува во извештајот на ИНСТАТ е големиот број на лица кои за првпат влегле во криминалните води. Од вкупниот број сторители, дури 39.027 лица за првпат се огрешиле пред законот, што е скок од 16,7 отсто во споредба со претходната година.

    Паралелно со општиот криминалитет, забележан е раст и кај актите на насилство за 7,8 отсто, достигнувајќи бројка од 19.145 случаи. Во оваа категорија, 39,3 отсто се однесуваат на кривични дела против личноста. Жените се жртви во 36,7 отсто од овие случаи, и тоа најчесто при сексуални кривични дела, дела против моралот и достоинството, како и при семејно насилство.

    И покрај значителниот раст на криминалот, затворската популација бележи само минимална промена. Статистиката потврдува дека во казнено-поправните установи во Албанија казна издржуваат 4.503 лица, што е благо зголемување од само 0,3 отсто во споредба со 2024 година.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.