Author: Author 01

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува во текот на денешниот ден, додека во утринските часови наместа е можно провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури се движат од -2 до 3 степени, а дневните ќе достигнат максимум од 7 до 13 степени. Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се искачи до 9 степени. Во однос на изгледите за наредните денови, до вторник ќе се задржи суво време, а промена со врнежи од дожд и снег на…

Повеќе

Пратеникот Илир Демири го напушти „Европскиот фронт“ и ќе делува независно. За оваа одлука вечерва го информирал собранискиот спикер Африм Гаши. Информацијата ја потврдија од Собранието. Демири во претходниот владин состав беше министер за здравство.

Повеќе

Обилните врнежи во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во Општина Чешиново-Облешево, а најпогодени се селата Чешиново, Облешево и Чифлик. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), реките Брегалница и Кочанска река се со значително зголемен водостој, при што на одредени локации во општините Штип и Чешиново-Облешево веќе е забележано нивно излевање од коритата. Локалната самоуправа ги ангажираше сите расположливи ресурси, а во интервенциите се вклучени и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК Кочани. Поради обемот на поплавите, побарана е дополнителна материјално-техничка поддршка за испумпување на водата од објектите. Покрај поплавите, дождот предизвика и свлечишта на експресниот пат…

Повеќе

Шеесет и петгодишен маж од општина Јегуновце се сомничи дека извршил насилство врз две деца за време на училишен час. Инцидентот, според полицијата, се случил во образовна установа во село во општина Камењане. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.А. (65) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ врз деца. „На 19.09.2025 година во образовна установа во село во општина Камењане, за време на одржување на час, пријавениот во неколку наврати насилно се однесувал кон двајца малолетници“, информираат од полицијата.

Повеќе

Шеснаесетгодишен малолетник од скопското село Кондово заврши со повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако бил физички нападнат во близина на Бит Пазар. Инцидентот се случил вчеравечер, а во полиција бил пријавен рано утрово од страна на болничкиот персонал. Според пријавата, тинејџерот бил нападнат од четири непознати лица кои биле со возило. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. „На 29.11.2025 околу 02.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 16-годишен малолетник од с. Кондово, скопско. Според пријавеното на 28.11.2025 околу 20:50 часот на подрачјето на Бит Пазар бил…

Повеќе

Воздушниот простор над и околу Венецуела треба да се смета за „целосно затворен“, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на сè позатегнати односи со венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп ја испрати пораката преку својата социјална мрежа „Truth Social“, адресирајќи ја не само до авијатичарите, туку и до криминалните групи. „До сите авиокомпании, пилоти, трговци со дрога и луѓе, ве молиме сметајте го воздушниот простор над и околу Венецуела за целосно затворен!“, напиша Трамп. Овој потег доаѓа откако американската администрација го засили воениот притисок во регионот, распоредувајќи војска и најголемиот носач на авиони во светот во Карибите, како дел…

Повеќе

Водата е целосно безбедна, децата се позитивни на Норовирус. Институтот соопшти дека физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата земена од ОУ Димо Хаџи Димов се во рамките на референтните вредности. -Тешки метали во мострите од водата не се пронајдени, велат оттаму. Изворот на труењето на основци, меѓу кои и синот на премиерот Мицкоски, во ова училиште во Карпош е кујната, кадешто се пронајдени фекални бактерии. „Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии Enterobacteriaceа во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на настапот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порачувајќи му дека нема кредибилитет да зборува за стандардот на пензионерите, бидејќи додека бил на власт, покачувањата биле симболични и понижувачки. Од владејачката партија потсетуваат дека владата предводена од Зоран Заев, чиј дел беше и Филипче, на оваа категорија граѓани им доделувала минимални суми. „Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДС? Владата на СДС, онаа влада која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1000 денари или илјада и нешто“, се вели…

Повеќе

Пензионерите од цела држава во понеделник, 1 декември, ќе излезат на масовен протест пред Уставниот суд во Скопје за да го одбранат моделот на линеарно пресметување на пензиите. Ова беше договорено на денешниот собир во Штип, каде присуствуваа претставници од повеќе градови, вклучувајќи ги Свети Николе, Скопје и Куманово. Тие испратија јасна порака дека нема да отстапат од своите права. „Во понеделник во 11 часот пред Уставен Суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија“, изјави пензионерот Зоран Трајков. Доколку овој собир не вроди со плод, најавена е радикализација на активностите. Трајче Станојков од Свети Николе најави дека веќе на…

Повеќе

53-годишен жител на виничкото село Блатец го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна ноќеска. Управувајќи трактор, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот на стариот пат што води кон Берово. Смртта на возачот била констатирана на лице место од страна на лекар од Итната медицинска помош. „На 29.11.2025 во 00:27 часот во ОВР Виница е пријавено дека во близина на стариот пат с. Блатец-Берово кај место викано „Церо“ трактор „имт 539“ управуван од З.С.(53) од с.Блатец излетал надвор од патот. Во несреќата починал возачот, а од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид од…

Повеќе