Author: Author 01

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра, како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски. „За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%“, рече Филипч. Говорејќи за состојбата со Фондот за…

Повеќе

Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, потврди претседателот на партијата, Венко Филипче. Ова доаѓа по пишувањата на дел од медиумите дека Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор, поради несогласувања околу надворешно политички прашања. Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека имало неразбирање од техничка природа. -Тоа се случи помеѓу двата изборни круга. Меѓутоа, причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа коешто го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање поради тоа што доведе до една, таква, не пријатна ситуација којашто ниту беше намерна, ниту тенденциозна.…

Повеќе

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека, утре, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, корисниците од населба Методија Андонов Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците од ул. 808 и бул. Киро Глигоров. Намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населба Автокоманда – ниска зона, населбите Триангла и Хиподром и корисниците од ул. Перо Наков лоцирани кај Кванташки Пазар. Без вода ќе останат и делови од Бутел. -Поради уличен дефект…

Повеќе

Двајца возачи се лишени од слобода ноќеска во Охрид и Кичево, откако полицијата утврдила дека управуваат возила под тешко дејство на алкохол, со измерени вредности од над 1,6 промили. Првиот случај е регистриран во Кичево, каде 50-годишен жител на Македонски Брод возел „Киа“ со 1,68 промили алкохол во крвта. -Денеска во 00:14 часот, во кичевската населба „Горица“ лишен од слобода е Г.Р.(50) од Македонски Брод. При извршена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле моторно возило „Киа“ кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 1,68 промили алкохол во крвта. Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно…

Повеќе

На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Битола, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот Тони Коњаноски, присуствуваа на настанот во рамки на караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните. „Денеска порталот има близу 240.000 корисници, што покажува голем интерес на граѓаните за електронските услуги. Сè повеќе ги користат истите, бидејќи им нудат можност побрзо да стигнат до посакуваната услуга и побрзо да си ја завршат својата работа“, истакна Андоновски. Министерот го спомена и позитивниот пример со ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој рече дека услугата целосно…

Повеќе

Трајан Димковски, по насока на поранешното раководство на СДСМ, извршил отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, со што го оштетил државниот буџет за близу 800.000 евра, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска. Според партијата, наместо опозициската СДСМ да се огради од ваквото девијантно однесување, тие очајнички ги бранат криминалците во своите редови. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски, приватниот интерес секогаш бил пред државниот, дури и во услови на глобална криза. Андоновска јавно праша дали отпишаните продукти од стоковите резерви завршиле на црниот пазар. „Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен…

Повеќе

Двајца жители на охридското село Пештани се приведени рано утрово откако физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Инцидентот се случил на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на населбата „Св. Стефан“, кога лицата прво започнале вербално да ги навредуваат полицајците, а потоа и физички ги нападнале. Утврдено е дека напаѓачите биле под дејство на алкохол. Кај 52-годишниот Г.М. се измерени 1,63 промили, додека кај 65-годишниот Р.М. алкотестот покажал 0,53 промили. Против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави. „На 29.11.2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид приведени се Г.М.(52) и Р.М.(65), двајцата од охридското село Пештани.…

Повеќе

Гладувањето претставува исклучително поволен стил на живот кој делува како антиинфламација за организмот, смета интервентниот кардиолог и алпинист, д-р Сашко Кедев. Во интервју за МИА, Кедев, кој неодамна беше одликуван од претседателката на државата за своите достигнувања во медицината и алпинизмот, сподели дека и самиот практикува ригорозен режим на исхрана каде клучот е во прескокнувањето на вечерата. „Немам дефинитивна препорака за сите пациенти, меѓутоа сметам дека гладувањето е исклучително поволен стил на живот. Секој што може да гладува, колку подолго може да гладува, толку е подобро, бидејќи гладувањето е антиинфламација. Гладувањето намалува внес на калории и на некој начин овозможува…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, кој во моментов отслужува затворска казна од 45 години во САД. Хернандез беше осуден за трговија со дрога и други кривични дела, но Трамп преку својата социјална мрежа „Трут Соушл“ најави негово ослободување. Во истата објава, американскиот лидер ја повтори својата поддршка за Насри Асфура, претседателскиот кандидат на конзервативната Национална партија на Хондурас, испраќајќи директна порака за финансиската помош кон оваа земја. „Доколку тој не победи, САД нема да ги трошат своите пари залудно“, напиша Трамп.

Повеќе

Во Кочани денеска повторно ќе се одржи „Маршот на Ангелите“, со почеток во 14:05 часот. Настанот се организира под мотото: „Со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не се тука“. Организаторите потсетуваат дека зад секоја статистика стои човек – живот што не може да се врати и болка што не избледува. „Нашата мисија е длабока и човечка: за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест“, истакнуваат родителите. Тие порачуваат дека е клучно општеството да покаже дека неправдата не смее да остане незабележана и дека има луѓе кои не се откажуваат од…

Повеќе