Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На трезнење во станица: Приведени двајца возачи во Охрид и Кичево

    На трезнење во станица: Приведени двајца возачи во Охрид и Кичево

    29.11.2025 во 13:062 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двајца возачи се лишени од слобода ноќеска во Охрид и Кичево, откако полицијата утврдила дека управуваат возила под тешко дејство на алкохол, со измерени вредности од над 1,6 промили.

    Првиот случај е регистриран во Кичево, каде 50-годишен жител на Македонски Брод возел „Киа“ со 1,68 промили алкохол во крвта.

    -Денеска во 00:14 часот, во кичевската населба „Горица“ лишен од слобода е Г.Р.(50) од Македонски Брод. При извршена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле моторно возило „Киа“ кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 1,68 промили алкохол во крвта. Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило““, велат од СВР Охрид.

    Половина час  подоцна, во Охрид е приведен 41-годишен возач на „Сузуки“ кај кого биле констатирани 1,67 промили.

    „Денеска во 00:40 часот, во СВР Охрид приведен е И.Д.(41) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници сопреле моторно возило „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 1,67 промили алкохол во крвта. Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“, велат од СВР Охрид.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50

    20.10.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.