Author: Author 01

По усвојувањето на Предлог-буџетот за 2026 година, СДСМ изразува сериозна загриженост за насоката по која се движи фискалната политика и нејзините последици врз граѓаните и стопанството, се наведува во соопштението на партијата. Од СДСМ посочуваат дека наместо ветената „строга фискална дисциплина“, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП, со што директно го прекршува фискалното правило од Законот за буџети, кое поставува лимит од 3%. „Не станува збор за дисциплина, туку отстапување од законската рамка што ќе ја платат граѓаните и економијата“, велат од партијата. Според СДСМ, особено е проблематично што Владата буџетската рамка (374,7 милијарди денари приходи и 413,9 милијарди…

Повеќе

Германските партии од Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) повикуваат на реформа на законот за државјанство и воведување ограничувања за двојното државјанство. Овие повици вклучуваат и барања за одземање на пасошите од оние кои ги загрозуваат уставните вредности на Германија. „Ние како земја мора да се запрашаме дали сè уште сакаме двојно државјанство и дали сè уште можеме да си го дозволиме тоа“, изјави пратеникот на Бундестагот од Христијанско-социјалната унија (ЦСU), Штефан Мајер, за „Билд“. Тој нагласи дека фундаментална реформа на законот за државјанство е „неопходна“. „Не можеме да им дадеме на луѓето привилегија на државјанство, а потоа тие да ги газат нашите…

Повеќе

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот во Белград очекуваат најсилен раст на бројот на патници во регионот во текот на претстојната зимска сезона. Ова зголемување е директен резултат на значителното проширување на мрежата на авиокомпанијата „Визер“. Според објавениот зимски ред на летање, кој е во сила до 28 март, аеродромот во Скопје предвидува раст од околу 548 илјади патници, а оној во Белград 518 илјади повеќе патници во однос на ланската сезона. Информациите ги објави специјализираниот портал „Екс-ју авиејшн“, кој нотира дека речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат капацитетот. Така, Загреб се позиционира на третото место со очекуван раст…

Повеќе

Изборите за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и во Центар Жупа пропаднаа, бидејќи на гласање на 19 октомври не излегоа доволен број гласачи. Според законот, за изборите да бидат успешни, потребна е излезност од најмалку една третина, или 33,33% од запишаните граѓани во Избирачкиот список, услов што не беше исполнет. Ова значи дека во четирите општини ќе мора да се организираат целосно нови избори. Целата постапка ќе се повтори од почеток – од распишување избори, преку поднесување кандидатури и водење кампања, до ново гласање. Најверојатно, новиот термин за гласање би бил во првата половина на јануари 2026 година.…

Повеќе

Претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, се сретнаа денеска во Сеул на први директни разговори по повеќе од една година, со цел да се стабилизираат затегнатите односи. Односите меѓу двете најголеми светски економии се на најниско ниво, а средбата има за цел да спречи нова ескалација на тарифите и санкциите. Од Белата куќа соопштија дека се разговарало за „враќање на рамнотежата во трговските односи“. Фокус бил ставен и на секторите за индустриски технологии и полупроводници. Од своја страна, Пекинг изразил загриженост поради „едностраните мерки“ на Вашингтон и побарал „взаемно почитување и прагматична соработка“. Оваа средба се…

Повеќе

Кремљ не смета дека е започната нова трка во вооружување, и покрај најавите од американскиот претседател Доналд Трамп за итно тестирање на нуклеарно оружје. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, даде краток коментар на оваа тема. „Сè уште не“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан дали изјавите на Трамп за почетокот на тестирањето на нуклеарно оружје може да се сметаат за нова рунда од трката во вооружување. Претходно, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нареди итно започнување на тестирање на нуклеарно оружје. Трамп исто така истакна дека САД имаат полигони за тестирање на нуклеарно оружје, а деталите за…

Повеќе

Зијадин Села, лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, остро ги демантираше шпекулациите дека би можел да биде дел од новата Влада, откако таква можност јавно ја понуди вицепремиерот Изет Меџити. Реакцијата на Села доаѓа по синоќешното гостување на Меџити (ВРЕДИ) на ТВ 21, каде тој изјави дека „комуницираат“ и оти е можно Села да влезе во владиниот состав. Преку својот Фејсбук профил, Села директно му се обрати на Меџити, обвинувајќи го за лаги и пропаганда. „Политичката сцена е толку измешана, рече Изет, и тој не знае со кого комуницирал… Лагата е измешана, Изет, пропагандата и невистината. Вистината е…

Повеќе

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денес во Штип ја отвори третата серија од генеричките обуки за административните службеници, кои овој пат ги опфаќаат институциите од источниот регион на државата. Со ова, Министерството за јавна администрација ја продолжува агендата за професионализација на јавната администрација, откако веќе се реализирани две серии на обуки во кои повеќе од осумстотини јавни службеници од различни институции низ земјата стекнаа нови знаења и вештини за поефикасно и современо работење. Минчев денеска од Штип порача дека државата не се гради само преку закони, туку преку институциите што ги имплементираат и луѓето што ги спроведуваат тие закони.…

Повеќе

На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала…

Повеќе

На 28.10.2025 во 13:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(45) од Гевгелија. При преглед кај него и во патничкото возило „пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се кокаин, марихуана, мали шишиња исполнети со течност и таблети. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе