Author: Author 01

Неплатените обврски кон Град Скопје по основ на даноци и комунални такси за периодот од 2020 до 2025 година надминуваат 36 милиони евра, покажуваат податоците на Секторот за даноци на имот. Станува збор за долгови за данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и за комунална такса-фирмарина. Од Градот потенцираат дека овие средства се клучни за финансирање на основните услуги, инфраструктурните проекти, како и за работата на јавните претпријатија и средните училишта. Поради високиот износ на ненаплатени средства, градските власти упатија повик до сите физички и правни лица да ги подмират своите обврски во најкраток можен рок.…

Повеќе

Во тест фазата намерно не се применува толеранција, затоа што мора да ја потврдиме техничката прецизност и стабилност на системот, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервјуто за Прес 24. Посочува дека од досегашнито тест период се анализираат сите аспекти за да се добие функционален систем. Во пракса сепак ќе има одредена толеранцијаво бројката на пречекорена брзина. ПРЕС24: Она што од досегашното искуство на граѓаните е дилема, е санкциите за пречекорување на брзината за 1, 2, 3 Км/час. Имаше низ медиумите и ексертски толкувања, одмкои сепак може да се види дека европските искуства имаат некој процент на толерамција,…

Повеќе

Граѓаните имаат можност уште денеска и утре да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки низ земјава, пред да се затвори повикот. Оваа емисија на хартии од вредност нуди каматна стапка од 4,5 проценти годишно, со рок на доспевање од две години. Минималниот износ за учество, односно цената на една обврзница, изнесува 10.000 денари. Според објавениот проспект, државата планира да прибере 100 милиони денари, а аукцијата е закажана за петок, 12 декември. Исплатата на приносите е прецизирана – каматата за првата година ќе биде исплатена на 19 декември 2026 година, додека главнината заедно со каматата за втората година…

Повеќе

Сообраќајот на граничниот премин Богородица (Евзони) е целосно нормализиран во двата правца попладнево од 15:00 часот, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Претходно, овој граничен премин беше блокиран за влез и излез од државата во период од четири часа, почнувајќи од 11:00 часот претпладнево. Прекините на Евзони се случуваат периодично веќе неколку дена и се директна последица на штрајкот на грчките земјоделци. Што се однесува до останатите премини кон јужниот сосед, АМСМ во пладневниот извештај наведе дека на Меџитлија (Ники) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси. На граничниот премин Дојран нема блокади и сообраќајот се одвива, но…

Повеќе

Брисел активно се подготвува за војна со Русија и веќе постои утврден целен датум за влегување во конфликтот – 2030 година, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според него, програмата за вооружување иницирана од ЕУ има за цел да ја направи Унијата борбено подготвена токму до оваа година, која се совпаѓа и со рокот за забрзан прием на Украина во европското семејство. Орбан предупредува дека членството на Украина, која е во војна, автоматски би значело активирање на основачкиот договор на ЕУ за меѓусебна одбрана, што би резултирало со непосредно влегување на сите членки во војната. „Темни облаци се собираат на…

Повеќе

Машко безживотно тело е пронајдено во објектот на поранешните оранжерии лоцирани на улицата „1 Македонска ударна бригада“ во Охрид. Случајот е регистриран на 6 декември во 16:20 часот. По преземените мерки за идентификација, полицијата утврди дека станува збор за З.Т. (57) од Охрид. За починатиот претходно била поднесена пријава во СВР Охрид дека се оддалечил од семејниот дом на 4 декември. „По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција“, информираат од полицијата.

Повеќе

Аеродромот во Ираклио на грчкиот остров Крит е затворен за сообраќај, откако група револтирани земјоделци успеаја да го пробијат полицискиот кордон и да навлезат директно на пистата. Според информациите од локалните медиуми, инцидентот предизвика прекин на авиосообраќајот, при што два лета – еден од Атина и еден од Родос – биле принудени да се вратат назад и не слетале на островот. Пристапот до аеродромот е целосно блокиран. Улиците околу објектот се затворени, па патниците кои имаат закажани летови се принудени да пешачат до терминалот. Тензично е и во градот Ханија, каде исто така се регистрирани сериозни инциденти во обидот на…

Повеќе

60 килограми марихуана која требало да се најде на македонскиот пазар заврши во рацете на граничната полиција. Директорот за јавна безбедност, Александар Јанев со детали за акцијата за која тој вели дека е уште една потврда за определбата за безмислосна борба против незаконските дејствија. „Повторно застанавме на патот на прекуграничниот криминал! Навремено е спречено криумчарење на над 60 килограми марихуана, која од Албанија требала да влезе во Македонија. Ова е уште една јасна порака дека нема толеранција за криминалот без исклучоци и без компромиси. Голема благодарност до раководството и колегите од Регионалниот центар Запад за нивната секојдневна борба, максимална контрола…

Повеќе

Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8, истакна вицепремиерот Александар Николоски, споделувајќи кадри од механизацијата на терен на потегот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, стои во објавата на министерот за транспорт.

Повеќе

Три торби со 62 пакувања марихуана се запленети утрово на магистралниот пат Струга-Ќафасан, при контрола на возило управувано од 46-годишен албански државјанин. Службеници од граничната полиција ја реализираа акцијата во 07:05 часот во близина на струшкото село Франгово. Дрогата била пронајдена во автомобил „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, зад чиј волан бил А.Т. од Поградец. Возачот е веднаш лишен од слобода, а за случајот е известен Јавен обвинител. „Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода…

Повеќе