- Официјални детали од Сеизмолошката опсерваторија: Познат е интензитетот на попладневниот земјотрес во Скопје
- Ѓорѓиевски по средбата со Мицкоски: Со силна владина поддршка почнуваме капитални проекти за развој на Скопје
- Министерството за транспорт ги објави понудите за автобусите: Нема криминал од 12 милиони евра, СДСМ да се извини или оди на суд
- Силен земјотрес го стресе Скопје
- ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за автобусите: Документот на СДСМ е тежок фалсификат и глупост
- (ВИДЕО) Николоски најави крупни реформи: Со законски измени ќе се стимулира изградбата на големи Дата центри во Македонија
- Трагедија го потресе регионот: Почина седумгодишното момче кое беше прегазено од БМВ
- Апсења во Скопје: Приведени три лица
Author: Author 01
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. -Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место, информира Обвинителството. Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е единствениот актуелен политичар кој активно работел на населување мигранти и отворање на прифатен центар во Бардовци, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на „Службен весник“. Од владејачката партија посочуваат дека додека Филипче бил министер во владата на Зоран Заев, учествувал во носење на план за изградба на објект за странци. „На ден 26.01.2018 година, во „Службен весник на Република Македонија“, број 16, страна 189, точка 1.6, стои: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во…
ВМРО-ДПМНЕ планира да го редефинира статусот на мигрантите и да ги нарече „економски работници“ за да го реализира договорот за нивно прифаќање, обвинуваат денеска од СДСМ. Опозициската партија се повикува на вчерашното интервју на пратеникот Антонијо Милошоски, во кое тој направи дистинкција меѓу странските работници и азилантите. Според СДСМ, ова е само параван за планот да им се обезбеди постојан престој. „Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски. Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој. Исто…
Системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град“, ќе започне официјално со работа на 1 февруари 2026 година, објави порталот „360 степени“. Иако првичните најави беа дека казните ќе започнат од 1 јануари, властите одлучиле да го пролонгираат стартот за еден месец поради потребата од дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури. Камерите ќе бидат активни и ќе санкционираат на територијата на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж автопатските коридори 8 и 10. Во моментов, мрежата е во фаза на тестирање на системот за препознавање регистарски таблички.
Како се управувало со финансиите во јавните здравствени установи и што покажале контролите на нивното работење, ќе соопшти денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Првиот човек на Фондот ќе ги презентира резултатите од спроведените надзори, кои треба да дадат слика за ефикасноста и законитоста во трошењето на средствата во здравствениот систем. Покрај финансиските аспекти, на прес-конференцијата ќе стане збор и за Извештајот од мониторингот на државните институции за 2025 година, поврзан со пристапот до информации од јавен карактер.
Меѓународниот аеродром Скопје денеска испишува нова страница во своето работење, достигнувајќи ја бројката од три милиони опслужени патници во текот на една година. Според најавите од ТАВ Македонија, јубилејниот, тримилионити патник е регистриран на летот кој сообраќа на релација Скопје – Бари. Ова е значаен индикатор за растот на авиосообраќајот во земјава и зголемениот број на патувања преку скопскиот аеродром.
Сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува во текот на денешниот ден. Утрото започна со појава на магла и зголемена облачност на одредени места, но се очекува таа да се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе биде од северозападен правец. Минималните температури се движат од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе достигнат пријатни 10 до 15 степени. Во Скопје претпладнево има услови за слаба магла, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Температурата во главниот град…
Идниот државен јавен обвинител мора да биде заколнат борец за владеење на правото и личност која ќе биде целосно отпорна на партиски и политички влијанија, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, коментирајќи ја постапката за смена на врвот во Обвинителството. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков профил на човек е потребен на оваа позиција, таа истакна дека бара личност која ќе биде „круна на целиот обвинителски систем“. „Сакам бескомпромисен борец за почитување на законите. Човек, бидејќи јавните обвинители се надлежни нели за гонење на сторителите на кривични дела… Значи, некој којшто ќе биде заколнат борец за владеење на правото, некој којшто…
Велика Британија ќе ѝ исплаќа на Македонија по 20.000 фунти за секој депортиран мигрант, а тие тука треба да добијат трајни живеалишта и да се вклучат на пазарот на труд, обвини денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повикувајќи се на написи во британските медиуми. Филипче на прес-конференција истакна дека е скандалозно и недозволиво македонските граѓани за вакви крупни прашања да се информираат од странски извори, додека домашната власт води, како што рече, тајни преговори. „И од овие пишувања на британските медиуми дознаваме за разговорите кои што се воделе за мигрантите, дека треба да бидат интегрирани да бидат присутни на нашиот…
Над 50 блокади се поставени ширум Грција, вклучувајќи ги и клучните гранични премини кон Македонија, Бугарија и Турција, како дел од продолжението на протестите на грчките земјоделци. Ситуацијата ескалираше до тој степен што аеродромот во Ираклио на Крит беше принудно затворен до рано утрово, што предизвика откажување на низа летови. За македонските граѓани најважна е најавата за нови прекини на сообраќајот на јужната граница. На преминот Евзони (Богородица), каде се паркирани над 300 трактори, блокадата денеска се очекува да биде активна во два наврати: од 12 до 16 часот и од 18 до 22 часот по локално време. Исклучок од…
