- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
- Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
- Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
- Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
Author: Author 01
Гладувањето претставува исклучително поволен стил на живот кој делува како антиинфламација за организмот, смета интервентниот кардиолог и алпинист, д-р Сашко Кедев. Во интервју за МИА, Кедев, кој неодамна беше одликуван од претседателката на државата за своите достигнувања во медицината и алпинизмот, сподели дека и самиот практикува ригорозен режим на исхрана каде клучот е во прескокнувањето на вечерата. „Немам дефинитивна препорака за сите пациенти, меѓутоа сметам дека гладувањето е исклучително поволен стил на живот. Секој што може да гладува, колку подолго може да гладува, толку е подобро, бидејќи гладувањето е антиинфламација. Гладувањето намалува внес на калории и на некој начин овозможува…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, кој во моментов отслужува затворска казна од 45 години во САД. Хернандез беше осуден за трговија со дрога и други кривични дела, но Трамп преку својата социјална мрежа „Трут Соушл“ најави негово ослободување. Во истата објава, американскиот лидер ја повтори својата поддршка за Насри Асфура, претседателскиот кандидат на конзервативната Национална партија на Хондурас, испраќајќи директна порака за финансиската помош кон оваа земја. „Доколку тој не победи, САД нема да ги трошат своите пари залудно“, напиша Трамп.
Во Кочани денеска повторно ќе се одржи „Маршот на Ангелите“, со почеток во 14:05 часот. Настанот се организира под мотото: „Со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не се тука“. Организаторите потсетуваат дека зад секоја статистика стои човек – живот што не може да се врати и болка што не избледува. „Нашата мисија е длабока и човечка: за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест“, истакнуваат родителите. Тие порачуваат дека е клучно општеството да покаже дека неправдата не смее да остане незабележана и дека има луѓе кои не се откажуваат од…
Околу 36 ракети и речиси 600 дронови биле лансирани од руските сили за време на масовниот напад врз Украина во текот на изминатата ноќ и утрово. Информацијата ја соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврдувајќи дека во нападите има и човечки жртви. „Главните цели на нападот беа енергетски и цивилни објекти, а голема штета беше предизвикана и од пожарите во станбените згради. Засега е познато дека десетици луѓе се повредени, а тројца се убиени“, рече Зеленски. Тој нагласи дека е клучно да се обезбеди доволен број ракети за системите за воздушна одбрана, со цел да се заштити Украина, но и да…
Координирана акција на македонската полиција, царината и службеници на Фронтекс пресече канал за илегално внесување на ловечка муниција на граничниот премин Стар Дојран. Тројца грчки државјани се лишени од слобода откако во три одделни случаи, во нивните возила биле пронајдени вкупно околу 200 патрони кои се обиделе да ги прошверцуваат во земјава. Поради основано сомнение, против нив е поведена постапка за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”. „На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член…
СДСМ: ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ
Информациите дека печката за производство на фероникел во ФЕНИ е изгасена се загрижувачки и укажуваат дека новиот инвеститор нема намера да започне со рестарт на фабриката во скоро време, обвинија денеска од општинската организација на СДСМ Кавадарци. Според Вуко Мелов, советник и претседател на ОО СДСМ Кавадарци, гаснењето на печката значи дека реконструкцијата и повторното пуштање во употреба ќе одземе долг временски период, што ќе предизвика сериозна штета за економскиот развој на градот. Опозициската партија обвинува дека пропаднале сите изјави и најави на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Митко Јанчев за наводен рестарт на компанијата. „Власта ги остави работниците буквално…
Сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка од 9:15 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информира АМСМ. Петходно од АМСМ соопштија дека поради случена сообраќајна незгода од 8:30 часот во целосен прекин е сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата, ќе се вршат денеска со почеток во 10 часот во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. Акцијата се организира по повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, со цел да се подигне свесноста за значењето на навремената грижа и превенцијата. Прегледите ќе ги врши стручен тим составен од Дарко Марковски, уролог од ГОБ „8-ми Септември“, како и докторките Марика Филипова и Марија Сековска, специјалисти интернисти во болницата „13 Ноември“. „Ова е одлична можност за навремена проверка, превенција и грижа за здравјето“, информираат…
Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, покажаа резултатите од вонредниот надзор што го изврши ЈП „Водовод и канализација“. Анализите беа направени по итна постапка откако голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби, а дел од родителите се сомневаа во квалитетот на водата бидејќи некои од заболените деца воопшто не јаделе во училишната кујна. Секторот за санитарна контрола зел четири примероци од две локации – училница и кујна, за физичко-хемиска и микробиолошка анализа. „Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за…
Чекорот на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) е логичен след на настаните преку кој ќе се констатира повреда на правото на правично судење, смета поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во интервју за МИА, таа истакна дека уште од самиот почеток на случајот „Тенк“ било очигледно дека не постои кривично дело, но постапка се водела под притисок на „силна пропагандна машинерија“. Јанкулоска упати остри критики кон македонското правосудство, обвинувајќи го судот за пристрасност. „Судот наместо независен арбитер беше партнер и консултант на обвинителството и дејствувајќи заеднички тие беа цврсто одлучени по секоја цена во експресен рок да бидат…
