Author: Author 01

Бројот на загинати во катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 146, потврдија локалните власти. Ова претставува значителен пораст во споредба со претходно објавената бројка од 128 жртви. Локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, известуваат дека спасувачките служби сè уште ги пребаруваат изгорените објекти. Шук-јин Цанг, раководител на полициската единица за идентификација на жртви, изјави дека околу 100 лица сè уште се водат како исчезнати, што буди стравувања дека конечниот биланс ќе биде многу поголем. Пожарот, кој беше целосно изгаснат дури во петокот наутро, се прошири низ седум од осумте…

Повеќе

Венко Филипче не може да се позиционира како опозициски коректив кога лично учествувал во систем што дозволувал пропусти како скандалот со стоковите резерви, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија смета дека разобличувањето на скандалите од времето на СДСМ е показател за структурниот хаос и распаднатите институции кои функционирале без механизми за одговорност. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека доколку СДСМ сака да стане релевантен политички субјект, мора да се дистанцира од компромитираните кадри. „Ако СДС има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт. Тоа…

Повеќе

Триесет и осум нови случаи на лица со ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија од почетокот на годинава до 27 ноември, што претставува пад од 25,5 отсто во споредба со истиот период лани кога имало 51 случај. Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен по повод Светскиот ден за борба против СИДА, оваа година се евидентирани осум смртни случаи поврзани со болеста. Во однос на демографската слика, вирусот и понатаму доминантно ја погодува машката популација. Од 38-те нови случаи, дури 37 се мажи, а само едно лице е од женски пол. Просечната возраст е 35 години, при што…

Повеќе

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува во текот на денешниот ден, додека во утринските часови наместа е можно провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури се движат од -2 до 3 степени, а дневните ќе достигнат максимум од 7 до 13 степени. Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се искачи до 9 степени. Во однос на изгледите за наредните денови, до вторник ќе се задржи суво време, а промена со врнежи од дожд и снег на…

Повеќе

Пратеникот Илир Демири го напушти „Европскиот фронт“ и ќе делува независно. За оваа одлука вечерва го информирал собранискиот спикер Африм Гаши. Информацијата ја потврдија од Собранието. Демири во претходниот владин состав беше министер за здравство.

Повеќе

Обилните врнежи во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во Општина Чешиново-Облешево, а најпогодени се селата Чешиново, Облешево и Чифлик. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), реките Брегалница и Кочанска река се со значително зголемен водостој, при што на одредени локации во општините Штип и Чешиново-Облешево веќе е забележано нивно излевање од коритата. Локалната самоуправа ги ангажираше сите расположливи ресурси, а во интервенциите се вклучени и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК Кочани. Поради обемот на поплавите, побарана е дополнителна материјално-техничка поддршка за испумпување на водата од објектите. Покрај поплавите, дождот предизвика и свлечишта на експресниот пат…

Повеќе

Шеесет и петгодишен маж од општина Јегуновце се сомничи дека извршил насилство врз две деца за време на училишен час. Инцидентот, според полицијата, се случил во образовна установа во село во општина Камењане. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.А. (65) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ врз деца. „На 19.09.2025 година во образовна установа во село во општина Камењане, за време на одржување на час, пријавениот во неколку наврати насилно се однесувал кон двајца малолетници“, информираат од полицијата.

Повеќе

Шеснаесетгодишен малолетник од скопското село Кондово заврши со повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако бил физички нападнат во близина на Бит Пазар. Инцидентот се случил вчеравечер, а во полиција бил пријавен рано утрово од страна на болничкиот персонал. Според пријавата, тинејџерот бил нападнат од четири непознати лица кои биле со возило. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. „На 29.11.2025 околу 02.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 16-годишен малолетник од с. Кондово, скопско. Според пријавеното на 28.11.2025 околу 20:50 часот на подрачјето на Бит Пазар бил…

Повеќе

Воздушниот простор над и околу Венецуела треба да се смета за „целосно затворен“, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на сè позатегнати односи со венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп ја испрати пораката преку својата социјална мрежа „Truth Social“, адресирајќи ја не само до авијатичарите, туку и до криминалните групи. „До сите авиокомпании, пилоти, трговци со дрога и луѓе, ве молиме сметајте го воздушниот простор над и околу Венецуела за целосно затворен!“, напиша Трамп. Овој потег доаѓа откако американската администрација го засили воениот притисок во регионот, распоредувајќи војска и најголемиот носач на авиони во светот во Карибите, како дел…

Повеќе

Водата е целосно безбедна, децата се позитивни на Норовирус. Институтот соопшти дека физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата земена од ОУ Димо Хаџи Димов се во рамките на референтните вредности. -Тешки метали во мострите од водата не се пронајдени, велат оттаму. Изворот на труењето на основци, меѓу кои и синот на премиерот Мицкоски, во ова училиште во Карпош е кујната, кадешто се пронајдени фекални бактерии. „Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии Enterobacteriaceа во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на…

Повеќе