Author: Author 01

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на настапот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порачувајќи му дека нема кредибилитет да зборува за стандардот на пензионерите, бидејќи додека бил на власт, покачувањата биле симболични и понижувачки. Од владејачката партија потсетуваат дека владата предводена од Зоран Заев, чиј дел беше и Филипче, на оваа категорија граѓани им доделувала минимални суми. „Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДС? Владата на СДС, онаа влада која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1000 денари или илјада и нешто“, се вели…

Повеќе

Пензионерите од цела држава во понеделник, 1 декември, ќе излезат на масовен протест пред Уставниот суд во Скопје за да го одбранат моделот на линеарно пресметување на пензиите. Ова беше договорено на денешниот собир во Штип, каде присуствуваа претставници од повеќе градови, вклучувајќи ги Свети Николе, Скопје и Куманово. Тие испратија јасна порака дека нема да отстапат од своите права. „Во понеделник во 11 часот пред Уставен Суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија“, изјави пензионерот Зоран Трајков. Доколку овој собир не вроди со плод, најавена е радикализација на активностите. Трајче Станојков од Свети Николе најави дека веќе на…

Повеќе

53-годишен жител на виничкото село Блатец го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна ноќеска. Управувајќи трактор, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот на стариот пат што води кон Берово. Смртта на возачот била констатирана на лице место од страна на лекар од Итната медицинска помош. „На 29.11.2025 во 00:27 часот во ОВР Виница е пријавено дека во близина на стариот пат с. Блатец-Берово кај место викано „Церо“ трактор „имт 539“ управуван од З.С.(53) од с.Блатец излетал надвор од патот. Во несреќата починал возачот, а од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид од…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра, како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски. „За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%“, рече Филипч. Говорејќи за состојбата со Фондот за…

Повеќе

Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, потврди претседателот на партијата, Венко Филипче. Ова доаѓа по пишувањата на дел од медиумите дека Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор, поради несогласувања околу надворешно политички прашања. Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека имало неразбирање од техничка природа. -Тоа се случи помеѓу двата изборни круга. Меѓутоа, причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа коешто го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање поради тоа што доведе до една, таква, не пријатна ситуација којашто ниту беше намерна, ниту тенденциозна.…

Повеќе

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека, утре, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, корисниците од населба Методија Андонов Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците од ул. 808 и бул. Киро Глигоров. Намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населба Автокоманда – ниска зона, населбите Триангла и Хиподром и корисниците од ул. Перо Наков лоцирани кај Кванташки Пазар. Без вода ќе останат и делови од Бутел. -Поради уличен дефект…

Повеќе

Двајца возачи се лишени од слобода ноќеска во Охрид и Кичево, откако полицијата утврдила дека управуваат возила под тешко дејство на алкохол, со измерени вредности од над 1,6 промили. Првиот случај е регистриран во Кичево, каде 50-годишен жител на Македонски Брод возел „Киа“ со 1,68 промили алкохол во крвта. -Денеска во 00:14 часот, во кичевската населба „Горица“ лишен од слобода е Г.Р.(50) од Македонски Брод. При извршена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле моторно возило „Киа“ кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 1,68 промили алкохол во крвта. Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно…

Повеќе

На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Битола, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот Тони Коњаноски, присуствуваа на настанот во рамки на караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните. „Денеска порталот има близу 240.000 корисници, што покажува голем интерес на граѓаните за електронските услуги. Сè повеќе ги користат истите, бидејќи им нудат можност побрзо да стигнат до посакуваната услуга и побрзо да си ја завршат својата работа“, истакна Андоновски. Министерот го спомена и позитивниот пример со ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој рече дека услугата целосно…

Повеќе

Трајан Димковски, по насока на поранешното раководство на СДСМ, извршил отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, со што го оштетил државниот буџет за близу 800.000 евра, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска. Според партијата, наместо опозициската СДСМ да се огради од ваквото девијантно однесување, тие очајнички ги бранат криминалците во своите редови. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски, приватниот интерес секогаш бил пред државниот, дури и во услови на глобална криза. Андоновска јавно праша дали отпишаните продукти од стоковите резерви завршиле на црниот пазар. „Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен…

Повеќе

Двајца жители на охридското село Пештани се приведени рано утрово откако физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Инцидентот се случил на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на населбата „Св. Стефан“, кога лицата прво започнале вербално да ги навредуваат полицајците, а потоа и физички ги нападнале. Утврдено е дека напаѓачите биле под дејство на алкохол. Кај 52-годишниот Г.М. се измерени 1,63 промили, додека кај 65-годишниот Р.М. алкотестот покажал 0,53 промили. Против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави. „На 29.11.2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид приведени се Г.М.(52) и Р.М.(65), двајцата од охридското село Пештани.…

Повеќе