Author: Author 01

Турска државјанка е лишена од слобода и приведена во полициска станица откако вчера предизвика инцидент и нападна службено лице по судењето во Штип. Според информациите што ги пренесе ТВ Стар, жената ја нападнала полициската службеничка влечејќи ја за коса и навредувајќи ја. Инцидентот се случил по рочиштето за петмината турски државјани инволвирани во убиство. На местото на настанот реагирале и припадници на специјалната единица за да го спречат нападот. Осомничената е мајка на еден од обвинетите во овој случај. Против неа е поведена постапка за нападот врз полицискиот службеник.

Повеќе

Европската Унија ќе остане сигурен партнер додека Кочани продолжува да заздравува од катастрофалната загуба, порача евроамбасадорот Михалис Рокас, кој денеска го посети градот за да оддаде почит на 63-те жртви од пожарот што се случи на 16 март годинава. Делегацијата на ЕУ оствари серија дискусии зад затворени врати со здружението на родителите на жртвите „16 март 2025“ и со група преживеани лица, нудејќи им безбеден простор за споделување на искуствата со поддршка на експерти од Центарот за психосоцијална и кризна акција. На официјалните средби со градоначалникот Владко Грозданов и Советот на Општината, беше разговарано за предизвиците со кои се соочуваат…

Повеќе

Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае, откако синоќа на Детската клиника биле примени уште три деца. Сите новопримени пациенти имаат слична клиничка слика како и претходните случаи – дијареа, повраќање и покачена телесна температура. Директорот на Клиниката, доктор Мемеди, смета дека првичните епидемиолошки анализи укажуваат на труење. Сепак, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повикуваат на трпение додека не пристигнат официјалните резултати од мострите, кои треба да бидат готови утре. Директорката на ИЈЗ, Марија Андонова, информираше дека се земени примероци од храната (млеко, мусли, мусака со месо, кроасан), вода од повеќе…

Повеќе

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати барањето за одржување на седница на Постојаната анкетна комисија, но инсистира на промена на терминот бидејќи тој се поклопува со собраниската седница за Буџетот. Пратеникот Бојан Стојаноски истакна дека сите повикани треба да бидат консултирани за датумот, нагласувајќи ја важноста на донесувањето на државниот буџет. „Ние ќе го прифатиме ова барање, но сметаме дека сите оние кои што тој ги повикува да бидат присутни, треба да бидат исконсултирани за термин, бидејќи не сметаме дека оваа комисија треба да биде одржана на ист ден кога е и собраниската седница за расправа на буџетот. Многу…

Повеќе

Возењето на кратки растојанија при ниски температури е најмалку економично за вашиот автомобил, бидејќи во такви услови потрошувачката на гориво драстично се зголемува. Според податоците, на температура од -7 степени, возилата трошат во просек до 12 отсто повеќе гориво отколку на пролетни 25 степени. Главната причина е што моторот нема доволно време да ја достигне оптималната работна температура. Дополнително, студениот воздух е погуст и создава поголем отпор при возењето, а ниските температури го намалуваат притисокот во гумите, што го зголемува отпорот на тркалање. Снегот и мразот на коловозот предизвикуваат пролизгување на погонските тркала, што исто така влијае на празнењето на…

Повеќе

Ако украинските сили не се повлечат доброволно од териториите што ги држат, Русија ќе ја постигне таа цел со воени средства, порача денеска рускиот претседател Владимир Путин. Иако оцени дека нацрт-планот за мир што го дискутираат САД и Украина може да биде основа за идни договори, Путин беше дециден дека борбите нема да престанат додека не се исполнат руските услови. Тој додаде дека руските сили напредуваат со забрзано темпо. Путин исто така истакна дека украинското раководство го смета за нелегитимно и правно неспособно да потпише договор, поради што инсистира меѓународната заедница да го признае секој договор, вклучително и руските територијални…

Повеќе

Шестмина возачи се лишени од слобода во текот на вчерашната вечер и ноќта поради возење под дејство на алкохол, при што тројца од нив предизвикале сообраќајни несреќи. Најкритично било во Македонска Каменица, каде се регистрирани двајца возачи со екстремно високи нивоа на алкохол во крвта кои учествувале во судири. Едниот возел со 2,51 промили, а другиот со 2,44 промили.Сообраќајна несреќа под дејство на алкохол предизвикал и возач во Тетово. Полицијата во Делчево, Чашка и Кавадарци, при редовни контроли, исклучила од сообраќај и привела уште тројца возачи кои управувале возила во пијана состојба. Против сите ќе бидат поднесени пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а…

Повеќе

Под силно полициско обезбедување и во присуство на роднини на обвинетите дојдени од Турција, денеска во големата судница на Апелациониот суд во Штип започна судскиот процес за убиството на турскиот државјанин. Обвинителството тврди дека се работи за дрско и организирано убиство извршено на 8 мај 2025 година на градскиот плоштад, додека одбраната инсистира делото да се преквалификува во „убиство на миг“. Според обвинителката Билјана Тошева Анакиева, првоосомничениот извршител бил со непријавен престој и поседувал оружје без дозвола, а во Турција веќе бил осудуван за убиство. Второ и третоосомничените, исто така со криминално досие во матичната земја, во Македонија се претставувале…

Повеќе

Украина се соочува со реален ризик да остане без финансиски средства во првите месеци од 2026 година доколку пропадне договорот за користење на замрзнатиот руски имот. Главната пречка во моментов е белгискиот премиер Барт де Вевер, кој го блокира планот за „репарациски заем“ од 140 милијарди евра. Причината е што најголемиот дел од руските средства се наоѓаат во Белгија (во „Еуроклир“), а Брисел стравува од правни последици и одмазда од Москва. Поради ова, Европската Унија активира „План Б“ – привремен заем финансиран преку заедничко задолжување на Унијата. Ова би ѝ овозможило на Украина да преживее неколку месеци додека се финализира…

Повеќе

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија која треба да ги истражи големите трагедии во земјава, оценувајќи дека е време да заврши праксата граѓаните да останат без одговори и да бидат манипулирани. Од коалицијата посочуваат дека нивниот став останува непроменет – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Според најавите, новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Целта е преку целосен пристап да се откријат институционалните пропусти…

Повеќе