Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почна судењето за убиството во Штип: ОЈО тврди, било организирано, одбраната бара преиначување на делото

    Почна судењето за убиството во Штип: ОЈО тврди, било организирано, одбраната бара преиначување на делото

    27.11.2025 во 12:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Под силно полициско обезбедување и во присуство на роднини на обвинетите дојдени од Турција, денеска во големата судница на Апелациониот суд во Штип започна судскиот процес за убиството на турскиот државјанин.

    Обвинителството тврди дека се работи за дрско и организирано убиство извршено на 8 мај 2025 година на градскиот плоштад, додека одбраната инсистира делото да се преквалификува во „убиство на миг“.

    Според обвинителката Билјана Тошева Анакиева, првоосомничениот извршител бил со непријавен престој и поседувал оружје без дозвола, а во Турција веќе бил осудуван за убиство. Второ и третоосомничените, исто така со криминално досие во матичната земја, во Македонија се претставувале со лажен идентитет.

    Наспроти ова, адвокатот Шенаи Османов тврди дека обвинението е неосновано.

    „Денеска имавме прилика да видиме добро составено обвинение од страна на ОЈО Штип, но за жал истото не е вистинито. Ние како одбрана увидовме низа на пропусти во обвинението и сметаме дека ОЈО Штип со ваквото обвинение не докажува разумно сомневање. Како одбрана ќе ја докажеме вистината дека ниту убиството е сторено со умисла, а ниту, пак, соизвршителите се помагачи во ова кривично дело“, изјави Османов.

    Прочитај повеќе

    Вадете ги чадорите: Утре ќе врне

    19.09.2026 во 13:38

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.