- Денеска е Свети Јеремија: Празник за магиска заштита од змии и влекачи
- Понеделник е неработен ден – испланирајте го продолжениот викенд
- Времето денеска променливо облачно со услови за дожд и грмежи , за викендот пресврт
- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
Author: Author 01
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, преку својот Фејсбук профил остро ги демантираше наводите на СДСМ дека има каква било поврзаност со сопственикот на фирмата „Дигитал оне“, која добила милионски државни тендери. Арсовски посочи дека единствената сличност со сопственикот Кристијан Арсовски е презимето, нагласувајќи дека ниту го познава човекот, ниту му е роднина по која било основа. „Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери. Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат…
Линеарното зголемување на пензиите е мерка за усогласување со животниот стандард бидејќи цените на пазарот се подеднакво зголемени за сите граѓани, изјави директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов. Во интервју за Радио Слободна Европа, тој појасни дека согласно законските измени, во март пензионерите ќе добијат уште едно линеарно покачување од 1.000 денари. Сепак, овој модел е привремен. Според Мемов, веќе од септември планирано е враќање на старите законски одредби, со што пензиите повторно ќе се усогласуваат процентуално, според таканаречениот „швајцарски модел“. Директорот се осврна и на иницијативите поднесени до Уставниот суд во врска со начинот на пресметка. „Има две…
Родителите се главната причина за масовната појава на инсистирање на високи оценки без соодветно знаење, што прави огромна штета на децата и на општеството, оцени денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. За време на посетата на Струмица, таа истакна дека проблемот со „петките“ е сериозен и дека Министерството преку кампањата „Магијата е знаењето“ се обидува да влијае на свеста на родителите. „Проблемот со ’петките‘ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме…
Четириесет и четиригодишен тетовец е лишен од слобода рано утрово, откако полициска патрола во неговото возило открила седум илегални мигранти од Египет. Возилото „фолксваген шаран“ било запрено кај наплатната рампа Романовце. Возачот признал дека турата била од Гевгелија до Куманово, а патниците, меѓу кои и 17-годишник, немале никакви документи за идентификација. Возачот и мигрантите се приведени, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. „На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за…
Дваесет и седумгодишниот Д.П. е уапсен рано утрово во центарот на Белград откако со нож нападнал 37-годишен маж во близина на Народното собрание. Инцидентот се случил во таканаречениот „Чациленд“, шаторска населба поставена пред парламентот, која веќе подолго време е жариште на инциденти. Повредениот М.Н. се здобил со убодна рана во пределот над коленото и итно е пренесен во Ургентниот центар. Српското МВР експресно ги демантираше шпекулациите кои се проширија на социјалните мрежи дека станува збор за терористички напад, квалификувајќи го делото како нанесување лесна телесна повреда. Напаѓачот е задржан во 48-часовен притвор. По настанот се огласи и српскиот претседател Александар…
Во ек на глобална криза, наместо да се полнат, стоковите резерви се празнеле и препродавале со одобрување на тогашниот државен врв, обвини денеска Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, во периодот од 2019 до 2021 година, 2.000 тони јачмен и пченица во вредност од 800.000 евра биле отпишани од залихите по насока на Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски. Андоновска тврди дека за да се скрие кусокот и да не се забележи недостатокот, веднаш потоа биле реализирани два тендери со една соседна држава за набавка на 20.000 тони жито. „Со овие два тендера, Заев, Филипче и Николовски сметале дека…
Охриѓанка е пријавена во полиција поради семејно насилство, откако вчера попладне физички насрнала врз својот сопруг. Инцидентот се случил во нивниот заеднички семеен дом во Охрид. СВР Охрид работи на целосно документирање на случајот, по што против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна законска пријава. „На 29.11.2025 година во 16:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.Ц. од Охрид, во семејниот дом, физички го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“
Рација во охридското село Велгошти резултираше со апсење на три лица и заплена на дрога рано утрово. Полициски службеници од криминалистичката полиција, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот на 37-годишниот А.Љ., каде затекнале уште двајца негови соселани. При претресот биле пронајдени најлонски пакувања со бела прашкаста материја и марихуана. Тројцата осомничени, на возраст од 31, 37 и 41 година, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. „На 30.11.2025 година во 02:30 часот, на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти, лишени од слобода се А.Љ.(37), З.Т.(41) и Ј.М.(31), сите од истото село. Тие се…
Полициска контрола во угостителски објекти во Охрид открила дека на малолетници им се точело алкохол. Рациите биле спроведени доцна ноќеска, педесет минути по полноќ. Службениците влегле во кабаре на булеварот „Железничка“ и во уште еден објект на улицата „Кузман Јосифоски Питу“. Таму затекнале малолетни лица на кои им било овозможено да консумираат алкохолни пијалаци. Поради ова прекршување, сопствениците и одговорните лица ќе се соочат со сериозни законски последици, вклучително и кривична одговорност. „На 30.11.2025 година во 00:50 часот, при контрола во кабаре лоцирано на булевар „Железничка“ и во угостителски објект на улица „Кузман Јосифоски Питу “ во Охрид, утврдено е…
Фирмата „Дигитал оне“, која има само двајца вработени и е формирана пред една година, добила државни тендери во вредност од скоро 9 милиони евра во период од само шест месеци, обвини денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. Според опозицијата, компанијата е регистрирана за трговија со информатичка опрема, но нема историја ниту портфолио. Од мај до ноември 2025 година, таа склучила шест договори, од кои четири се директно со Генералниот секретаријат на Владата. Најспорен за СДСМ е последниот договор – рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа вредна 8 милиони евра. Димитријевиќ јавно праша дали сопственикот Кристијан Арсовски…
