Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Само еден лек недостига на Онкологија: ФЗО најавува брзо решавање на проблемот и повеќе пари за терапии

    Само еден лек недостига на Онкологија: ФЗО најавува брзо решавање на проблемот и повеќе пари за терапии

    04.04.2026 во 15:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За онколошките пациенти во државава во моментов недостига само еден лек – „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно 7.000 жени со дијагностициран рак на дојка. Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, уверува дека лекот наскоро ќе биде повторно достапен и дека проблемот е од административно-планска природа.

    На денешната прес-конференција на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Клековски појасни дека недостигот настанал бидејќи кон крајот на 2025 година се појавила неочекувано голема потреба. Имено, биле планирани количини за 80 пациенти, но реалната бројка пораснала на 142.

    „Кога има значително поголем број пациенти од планираниот број не е едноставно да се одговори на потребите, затоа буџетот за 2026 ќе биде зголемен за 50 проценти за два лека во оваа категорија. Очекуваме за две недели да биде објавен новиот повик за лекови што ќе ги опфати 2026-2027 година“, нагласи Клековски.

    Тој додаде дека годинава истекува патентната заштита на овој лек, што значи дека од следната година се очекува значителен пад на неговата цена, а паралелно ќе се воведуваат и нови генерации лекови. Што се однесува до моменталниот недостиг на одредени тумор-маркери на Клиниката, директорот посочи дека пациентите можат да ги направат овие испитувања во другите државни болници и лаборатории каде што ги има.

    Ана Марјановиќ, претседателка на Здружението ХЕМА-ОНКО и самата онколошки пациент, изрази големо задоволство од зголемениот опфат со лекови. Според неа, годинава е направен огромен исчекор кој директно спасува животи.

    „Најпосле успеваме да отидеме три чекори напред на Балканот. Со зголемувањето на буџетот за оваа година, за одредени лекови 50 проценти од пациентите, за друг вид лекови 75 проценти успеаја да стигнат до имунолошка и биолошка терапија, што е за поздрав… Во однос на достапноста на терапијата сме фронтранери на Балканот“, изјави Марјановиќ.

    Таа смета дека повремените недостатоци на поединечни лекови се неизбежни бидејќи е тешко однапред прецизно да се предвиди бројот на нови пациенти. Како долгорочно решение, таа предлага овие скапи терапии да се стават на позитивната листа, иако тоа би значело одредена партиципација, и повика на итна децентрализација на онколошките оддели низ болниците во државата.

    Прочитај повеќе

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.