Close Menu
Press24
    Најново

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ: ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    29.11.2025 во 10:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Информациите дека печката за производство на фероникел во ФЕНИ е изгасена се загрижувачки и укажуваат дека новиот инвеститор нема намера да започне со рестарт на фабриката во скоро време, обвинија денеска од општинската организација на СДСМ Кавадарци.

    Според Вуко Мелов, советник и претседател на ОО СДСМ Кавадарци, гаснењето на печката значи дека реконструкцијата и повторното пуштање во употреба ќе одземе долг временски период, што ќе предизвика сериозна штета за економскиот развој на градот.

    Опозициската партија обвинува дека пропаднале сите изјави и најави на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Митко Јанчев за наводен рестарт на компанијата.

    „Власта ги остави работниците буквално на цедило! Иако во предизборните кампањи лесно власта даваше ветувања дека компанијата ќе ги исплати сите плати на работниците, ќе ги исплати сите доверители, и ќе започне за брзо со производство а со тоа ќе го врати работниците назад на своите работни места. Од тоа денес во најголем дел нема ништо“, изјави Мелов.

    Тој додаде дека голем број работници останале без егзистенција и без исплатени плати, а неисплатени останале и доверителите и транспортерите.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.