- Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток
- Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
- Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
- Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
- Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
- Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
- Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
- Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор
Author: Author 01
Голема кражба на електрична енергија е откриена во хотел со четири ѕвезди во центарот на Скопје, соопштија од Електродистрибуција. Нелегалниот приклучок претставувал и огромна опасност од пожар. Измамата била откриена при техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотелот лоциран на улицата „Луј Пастер“. Екипите на Електродистрибуција пронашле три нелегални и изгорени кабли, што било последица на преголема оптовареност. „Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утврди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли“, се вели во соопштението. Од компанијата додаваат дека…
Видеоснимки од синоќешниот концерт на Светлана Ражнатовиќ – Цеца во Велес, што се шират на социјалните мрежи, покажуваат инцидент што предизвика револт кај публиката. На снимките се гледа како српската пејачка, додека е на бината во СЦ „Гемиџии“, подигнува бугарско национално знаме и го става врз себе. Публиката веднаш реагирала со гласно исвиркување и негодување. Потегот се чини ја збунил и самата пејачка, откако до неа пристапил најверојатно нејзин соработник и ѝ сугерирал да го тргне знамето. Откако го направила тоа, таа се обидела да ја смири ситуацијата. СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK— Булевар.мк (@bulevarmk) October…
Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за настаните од „27 април“. Тој издржуваше 13-годишна затворска казна за претепувањето на Зијадин Села. Веста ја објави Горан Ангелов-Ќосето, исто така осуден во случајот. „Почивај во Мир Кире. И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата!!!“, напиша Ќосето. Ѓорѓиевски, кој беше и бранител од 2001 година, беше обвинет и осуден како лицето кое му ги нанело најтешките удари на Села, дело кое тој го негираше. Иако се жалеше на одлуката на Кривичниот…
Три лица се обвинети за повеќекратни тешки кражби на кабли од кругот на скопската „Железара“, откако биле уапсени при бизарен обид да си го земат алатот по посета на Ургентен центар. Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело Обвинителен акт против тројцата, кои како соизвршители украле кабли во вредност од околу 440 илјади евра. Во периодот од март до мај, обвинетите влегувале во подземните тунели во објектот на „Полуконти –ИГМ“, проверувале дали каблите се под напон, а потоа со батериска брусалка сечеле и одземале повеќе километри високоенергетски кабли, сопственост на ЕСМ Енергетика и МакСтил. Поради нивните кражби, на 9…
Започна аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година, кое ќе трае од денеска до 15 ноември, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Студентите можат да аплицираат по објавениот конкурс за четири различни категории стипендии. Како новина, оваа година Министерството првпат распиша и посебен Конкурс за доделување 15 стипендии наменети за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик. Пријавувањето за овие стипендии се одвива во истиот рок, од 1 до 15 ноември. Овие стипендии се воведуваат врз основа на Законот за употребата на македонскиот јазик, со цел да се стимулираат матурантите да се запишуваат…
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе спроведува мерки за посебен режим на сообраќај поради верскиот празник Митровденска задушница. Мерките се однесуваат на сообраќајниците околу градските гробишта Бутел, како и на гробиштата во Камник, Драчево и Ѓорче Петров. За гробиштата Бутел, режимот е кружен и еднонасочен, со почеток од 6:00 часот денеска. Возилата се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата. За излез, рутата е: десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“. СВР…
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница, која секогаш се паѓа во саботата пред празникот Митровден. Овој ден за сеќавање на починатите има специфично историско потекло. Задушницата е востановена во 14 век и потекнува од руската православна традиција. Првично, на овој ден се одржувал помен исклучиво за православните војници. Традицијата ја воспоставил Димитриј Јованович Донски по битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година. Откако извојувал победа, тој предложил Црквата да врши помен секоја година во саботата најблиску до денот на Свети Димитриј (8 ноември), во чест на паднатите борци, вклучувајќи ги и двајцата монаси-војници, Александар Пересвјат и Ослабја.…
Во пресрет на утрешниот втор круг од локалните избори, денеска гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и лицата во домашен притвор. Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), пријавени и одобрени за гласање во домашни услови се 4.826 болни и изнемоштени лица. Денеска гласаат и лицата во затворите и во домашен притвор од општините каде што се одржува вториот круг. Во меѓувреме, од полноќ започна изборниот молк, кој ќе трае сѐ до затворањето на гласачките места утре во 19 часот. Утре (недела, 2 ноември) се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас во овој…
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, откако претпладне ќе се расчисти маглата која е можна по одделни котлини. Максималните температури ќе се движат во релативно топол опсег од 18 до 23 степени. Во Скопје се очекува максимална температура до 20 степени, исто така со можна појава на утринска магла. Според прогнозата на УХМР, стабилно и суво време со утринска магла ќе се задржи и утре. Влошување на временските услови се очекува од понеделник попладне. Во текот на ноќта кон вторник и во текот на вторникот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени…
Заврши изборната кампања, а од полноќ на сила е изборниот молк пред утрешното гласање за вториот круг од Локалните избори. Право на глас во овој круг имаат 1.013.375 граѓани, кои ќе гласаат на избирачки места отворени од 7:00 до 19:00 часот. Се гласа за градоначалници во 32 општини и за Градот Скопје. Во скопските општини Центар, Аеродром и Карпош, гласачите ќе добијат две ливчиња – за градоначалник на Скопје и за градоначалник на нивната општина. Во Шуто Оризари, на три гласачки места, освен за градоначалник ќе има и прегласување за советничката листа. Во сите останати општини се гласа само за…
