Author: Author 04

Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.  

Повеќе

Вчера во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево. Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан Иваноски кој се движел покрај десниот рабник…

Повеќе

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци во Србија. Како што јавуваат српските медиуми, незгодата се случила на правецот од градот кон излезот. Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот. Според првичните извештаи од местото на настанот, возач на друг автобус веднаш застанал за да им помогне на загрозените. Сообраќајната незгода се случува во услови на исклучително тешки временски услови во соседна Србија, каде од вчера паѓа силен снег. „Од вчера речиси цела Србија е под снег. ЈП „Патишта на Србија“, врз основа на Извештајот на Штабот за зимска…

Повеќе

Македонските граѓани во 2026 година ќе имаат можност за седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови предвидени за сите, дури седум се поврзуваат со викендот бидејќи паѓаат во петок или понеделник, или пак се префрлаат согласно законот. Првиот ваков викенд доаѓа на 20 март (петок) за Рамазан Бајрам. Веднаш потоа следи Велигден, каде неработен за сите е 13 април (понеделник), додека за православните верници неработен е и Велики Петок на 10 април. Мај носи две поврзани паузи: 1 мај (петок) – Денот на трудот и 24 мај – Денот на сесловенските просветители, кој бидејќи е во недела, се префрла…

Повеќе

СДС е јасно на страната на соборениот венецуелски диктатор Мадуро, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тие дури и 48 часа по акцијата на САД немаат став за апсењето на овој диктатор. Со тоа СДС се вбројува во ретките политички партии кои поддржуваат шверц и трговија на дрога, режим и диктатура. Не чувме никаков став ниту од лидерот на СДС кој во моментот е на скијање во зимскиот монденски центар Гармиш-Партенкирхен заедно со неговиот шеф Зоран Заев. Венко Филипче треба да објасни како неговата партија се претвори во идолопоклоник на диктатори и шверцери на дрога. СДС веројатно под влијание на своите ментори и…

Повеќе

ОвенДенот ве потсетува дека радоста е важна. Месечината во Лав ви отвора креативна енергија, забава и автентичност. Слушајте го вашето срце, ќе забележите дека тоа ве води кон нешто што ви дава вистински жар. Сè што започнувате од место на искреност денес може да расте во нешто поголемо. БикВашето срце денес бара комфорт, топлина и присуство. Месечината во Лав го буди домашниот сектор и ве поттикнува да се свртите кон оние што ве прават да се чувствувате сигурно. Одвојте време за семејството или просторот што ви е важен. Тука се одговорите што денес ги барате. БлизнациДенес е идеален за искрен…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)

Повеќе

Македонија денеска ќе биде под влијание на облачна маса која ќе донесе повремени локални врнежи од дожд. Според синоптичарите, ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец. Температурите во земјава ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат до 14 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Во главниот град ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени. До крајот на неделата времето ќе остане…

Повеќе

Вчера во 20:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, каде бил на гости со мајка му, паднал 19-годишник од Скопје кој имал здравствени проблеми, информира МВР. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Повеќе