Close Menu
Press24
    Најново

    „Нема повеќе маски“: СДСМ ја обвини Левица за анти-ЕУ и анти-НАТО политики

    30.10.2026 во 08:30

    Се слават Светите Козма и Дамјан – Пример за несебично помагање, ова се обичаите

    30.10.2026 во 08:29

    Температурите утрово се разликуваат и до 10 степени од град до град – УХМР најавува „потоп”

    30.10.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Нема повеќе маски“: СДСМ ја обвини Левица за анти-ЕУ и анти-НАТО политики
    • Се слават Светите Козма и Дамјан – Пример за несебично помагање, ова се обичаите
    • Температурите утрово се разликуваат и до 10 степени од град до град – УХМР најавува „потоп”
    • „Денови на Јустинијан I“ по 14-ти пат ги собира светските научници во Скопје
    • Нов инфраструктурен зафат во Гази Баба – Мицкоски ќе го означи почетокот на работите
    • Црногорскиот вицепремиер Ивановиќ во Скопје: Средби со Гаши и Николоски во рамки на посетата
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје
    • На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пешакот не се движел по тротоар туку по коловозот – Обвинителство отвори постапка за сообраќајката во Волково

    Пешакот не се движел по тротоар туку по коловозот – Обвинителство отвори постапка за сообраќајката во Волково

    05.01.2026 во 10:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

    Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан Иваноски кој се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, во истата насока пред автомобилот, иако бил должен како пешак да се движи по тротоарот. Од ударот пешакот се здобил со повреди од кои починал на лице место.

    Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за вештачења со цел утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа, а во меѓувреме за осомничената се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште и одземање на патната исправа.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.