Author: Author 04

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци во Србија. Како што јавуваат српските медиуми, незгодата се случила на правецот од градот кон излезот. Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот. Според првичните извештаи од местото на настанот, возач на друг автобус веднаш застанал за да им помогне на загрозените. Сообраќајната незгода се случува во услови на исклучително тешки временски услови во соседна Србија, каде од вчера паѓа силен снег. „Од вчера речиси цела Србија е под снег. ЈП „Патишта на Србија“, врз основа на Извештајот на Штабот за зимска…

Повеќе

Македонските граѓани во 2026 година ќе имаат можност за седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови предвидени за сите, дури седум се поврзуваат со викендот бидејќи паѓаат во петок или понеделник, или пак се префрлаат согласно законот. Првиот ваков викенд доаѓа на 20 март (петок) за Рамазан Бајрам. Веднаш потоа следи Велигден, каде неработен за сите е 13 април (понеделник), додека за православните верници неработен е и Велики Петок на 10 април. Мај носи две поврзани паузи: 1 мај (петок) – Денот на трудот и 24 мај – Денот на сесловенските просветители, кој бидејќи е во недела, се префрла…

Повеќе

СДС е јасно на страната на соборениот венецуелски диктатор Мадуро, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тие дури и 48 часа по акцијата на САД немаат став за апсењето на овој диктатор. Со тоа СДС се вбројува во ретките политички партии кои поддржуваат шверц и трговија на дрога, режим и диктатура. Не чувме никаков став ниту од лидерот на СДС кој во моментот е на скијање во зимскиот монденски центар Гармиш-Партенкирхен заедно со неговиот шеф Зоран Заев. Венко Филипче треба да објасни како неговата партија се претвори во идолопоклоник на диктатори и шверцери на дрога. СДС веројатно под влијание на своите ментори и…

Повеќе

ОвенДенот ве потсетува дека радоста е важна. Месечината во Лав ви отвора креативна енергија, забава и автентичност. Слушајте го вашето срце, ќе забележите дека тоа ве води кон нешто што ви дава вистински жар. Сè што започнувате од место на искреност денес може да расте во нешто поголемо. БикВашето срце денес бара комфорт, топлина и присуство. Месечината во Лав го буди домашниот сектор и ве поттикнува да се свртите кон оние што ве прават да се чувствувате сигурно. Одвојте време за семејството или просторот што ви е важен. Тука се одговорите што денес ги барате. БлизнациДенес е идеален за искрен…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)

Повеќе

Македонија денеска ќе биде под влијание на облачна маса која ќе донесе повремени локални врнежи од дожд. Според синоптичарите, ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец. Температурите во земјава ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат до 14 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Во главниот град ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени. До крајот на неделата времето ќе остане…

Повеќе

Вчера во 20:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, каде бил на гости со мајка му, паднал 19-годишник од Скопје кој имал здравствени проблеми, информира МВР. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички го нападнал неговиот малолетен внук, при што употребил и остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Повеќе

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во Вчера во 12:25 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во с.Фурка, дојранско, 15-годишник од с.Фурка, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во преден дел на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(25) од с.Фурка. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Повеќе

Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа. Тие се приведени во полициска станица,  одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе