- Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
- Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси
- Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот
- Лав XIV стана првиот папа кој гласал на изборите во САД
- Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството
- Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
- Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
- Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
Author: Author 04
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година. Исплатата се однесува на следните права: Гарантирана минимална помош Гарантиран Детски додаток Додаток за социјално домување Еднократна парична помош Еднократна парична помош за новороденче Образовен додаток Образовен додаток – студирање Родителски додаток за трето дете Социјална сигурност за стари лица Траен надоместок Цивилна инвалиднина Сместување во згрижувачко семејство. Исплатата на правата: Посебен додаток, Парична помош за попреченост и Туѓа нега ќе се изврши дополнително. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да…
Обилни снежни врнежи ја парализираа Романија, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија и одземајќи два човечки животи. Најкритична е состојбата во окрузите Алба, Муреш и Сибиу, каде дефектите во електроенергетската мрежа се најбројни, потврдија од Министерството за енергетика. Трагични вести доаѓаат од планинските предели каде спасувачките служби водат вистинска битка со времето. „Ситуацијата во планините е исклучително комплицирана. Двајца туристи беа пронајдени мртви, а уште 97 лица беа спасени во последното деноноќие“, објави романската служба за планинско спасување Салвамонт. Властите издадоа портокалов код за опасно време за окрузите Караш-Северин, Мехединци, Горј и Хунедоара. Таму ветерот достигнува брзина до 90 км/ч,…
Снежното невреме кое ја зафати Босна и Херцеговина денеска зеде жртва во главниот град Сараево. Една жена го загуби животот откако бор висок над 10 метри падна директно врз неа, како последица на тежината од наталожениот снег. Инцидентот бил фатален за несреќната жена која се движела во близина на дрвото. Како што објави босанскиот сервис БХРТ, гранките на борот биле преоптоварени од влажниот снег, по што дрвото се скршило и паднало. „Жената претрпела смртоносни повреди на главата. Иако била итно пренесена во болница, таа починала кратко по приемот како последица на сериозноста на повредите“, пренесуваат локалните медиуми. Сараево денеска се…
Јавното претпријатие „Македонијапат“ упати апел до возачите за крајна претпазливост доколку патуваат кон Попова Шапка. На патниот правец од селото Лисец кон овој туристички центар е забележана појава на густа магла. Според информациите од теренот, видливоста на овој правец е намалена на само 40 метри, што значително го отежнува сообраќајот. Што се однесува до остатокот од државата, сообраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози. Сепак, од претпријатието предупредуваат на можна појава на поситни одрони на патните правци кои поминуваат низ клисури и усеци. Дежурните екипи на „Македонијапат“ се на терен и ја следат состојбата за да ги одржат…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94% во однос на одлуката од 29.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит,.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг и сега ќе изнесува 32,801 ден/кг.Од 06.01.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин…
Прашањето на македонскиот јазик и Планот за правата на заедниците не се тема на билатерални односи, велат од СДСМ. „Темата со македонски јазик во ЕУ е затврена и завршена. Македонија го има и првиот Договор со ЕУ потпишан на Македонски јазик. Договорот за Фронтекс го потпиша дури и Бугарија, со што македонскиот јазик е официјано признаен и во ЕУ. Зошто прашања со Бугарија за македонски јазик се отвораат сега кога се затворени во ЕУ? Како што веќе многупати кажавме, затоа што ВМРО намерно го стопира процесот на евроинтеграции и намерно измислува теми, како последната со Бугарија. Затоа што сака изолација…
Денеска 05.01.2026 во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(35) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари. Кај него се пронајдени и одземени дел од украдените пари. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека поради божиќните празници, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по изменет режим. Утре, на Бадник (6 јануари), и задутре, на Божиќ (7 јануари), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. За граѓаните кои имаат потреба од услугите на претпријатието, дежурства ќе имаат само одредени билетарници. Работно време на билетарниците и центрите за персонализација (6 јануари): Жичницата на Водно во текот на двата празнични дена ќе биде во функција и ќе работи според вообичаениот распоред, односно од 10:00 до 17:00 часот. Од ЈСП Скопје упатија честитка до сите православни христијани по повод претстојните…
Царински службеници и мобилни царински тимови спречија обиди за шверц на 103 мобилни телефони, повеќе од два тони банани, 500 пакувања суплементи, 400 литри маслиново масло, 53 литри масло од црно семе, 24 килограми режан тутун, опрема за спа уреди, околу 400 парчиња козметика, над 100 парфеми од познати брендови, како и домашни птици. Во други три случаи царинските службеници на граничниот премин Деве Баир при преглед на автомобили и автобус спречија и обиди за шверц на над 130 парфеми, меѓу кои и „Армани“, Жан Пол Готје, Марк Џејкобс, Жал Пол Готје. Возачите иако уредно прашани дали имаат нешто да пријават, не…
Швајцарските власти ја завршија идентификацијата на сите 40 жртви кои настрадаа во катастрофалниот пожар во барот „Констеласион“ на новогодишната ноќ. Како што соопшти полицијата на кантонот Вале, меѓу загинатите има 20 малолетници. Според официјалните податоци, меѓу жртвите има 21 државјанин на Швајцарија и 19 странци на возраст од 14 до 39 години. Меѓу нив е потврден и еден Србин со двојно државјанство. „Меѓу странците има осум Французи, меѓу кои и 15-годишно девојче со француско-израелско-британско државјанство, шест Италијанци, една Белгијка, една Португалка, еден Романец, еден Турчин и еден Србин со двојно швајцарско-српско државјанство“, пренесува швајцарскиот весник „Темп“. Во моментот остануваат да…
