Author: Author 04

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека поради божиќните празници, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по изменет режим. Утре, на Бадник (6 јануари), и задутре, на Божиќ (7 јануари), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. За граѓаните кои имаат потреба од услугите на претпријатието, дежурства ќе имаат само одредени билетарници. Работно време на билетарниците и центрите за персонализација (6 јануари): Жичницата на Водно во текот на двата празнични дена ќе биде во функција и ќе работи според вообичаениот распоред, односно од 10:00 до 17:00 часот. Од ЈСП Скопје упатија честитка до сите православни христијани по повод претстојните…

Повеќе

Царински службеници и мобилни царински тимови спречија обиди за шверц на 103 мобилни телефони, повеќе од два тони банани, 500 пакувања суплементи, 400 литри маслиново масло, 53 литри масло од црно семе, 24 килограми режан тутун, опрема за спа уреди, околу 400 парчиња козметика, над 100 парфеми од познати брендови, како и домашни птици. Во други три случаи царинските службеници на граничниот премин Деве Баир при преглед на автомобили и автобус спречија и обиди за шверц на над 130 парфеми, меѓу кои и „Армани“, Жан Пол Готје, Марк Џејкобс, Жал Пол Готје. Возачите иако уредно прашани дали имаат нешто да пријават, не…

Повеќе

Швајцарските власти ја завршија идентификацијата на сите 40 жртви кои настрадаа во катастрофалниот пожар во барот „Констеласион“ на новогодишната ноќ. Како што соопшти полицијата на кантонот Вале, меѓу загинатите има 20 малолетници. Според официјалните податоци, меѓу жртвите има 21 државјанин на Швајцарија и 19 странци на возраст од 14 до 39 години. Меѓу нив е потврден и еден Србин со двојно државјанство. „Меѓу странците има осум Французи, меѓу кои и 15-годишно девојче со француско-израелско-британско државјанство, шест Италијанци, една Белгијка, една Португалка, еден Романец, еден Турчин и еден Србин со двојно швајцарско-српско државјанство“, пренесува швајцарскиот весник „Темп“. Во моментот остануваат да…

Повеќе

Вчера во 13:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ш.М.(50) од с.Тремник, неготинско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки и дигитална вага. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

За време на изминатиот викенд (03/04.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.402 издадени платни налози, 723 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 13 лица, од кои 12 за возење под дејство на алкохол и еден возач за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 165 прекршоци за неправилно…

Повеќе

На 05.01.2026 во 01:51 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.З.(59) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. На 04.01.2026 во 04:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода П.Т.(27) од с.Добрејци, струмичко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“,…

Повеќе

За верниците од христијанска вероисповед Божиќ е еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос. Христијанските верници кои се раководат според јулијанскиот календар Божиќ го одбележуваат на седми Јануари а ден претходно го празнуваат Бадник. На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството. Погачата во која се става паричка се крши на онолку делови колку што има членови во семејството. Паричката од злато или сребро го симболизира дарот на новородениот Христа, а се верува дека…

Повеќе

Грчките власти започнаа со примена на новиот ценовник за патарините на автопатот „Егнација Одос“. Цените на наплатните рампи се зголемени во просек за 20 проценти, што директно ќе влијае врз трошоците на македонските туристи кои патуваат кон познатите летувалишта. Првата промена патниците ќе ја почувствуваат веднаш по преминот Евзони. Првата наплатна рампа, лоцирана на само 500 метри од границата, сега наплаќа 2,95 евра за автомобили, што е зголемување за 55 центи. На обиколницата во Солун (Ореокастро), патарината за автомобили сега изнесува 0,65 евра, додека кај Аспровалта цената е зголемена од 1,1 на 1,40 евра. Колку ќе ве чини патувањето до…

Повеќе

Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.  

Повеќе

Вчера во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево. Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Повеќе