Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.
При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
- Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
- Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
- Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
- Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
- Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме
- Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
- Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
- Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

