- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
- Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
Author: Author 04
Вчера во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички го нападнал неговиот малолетен внук, при што употребил и остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во Вчера во 12:25 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во с.Фурка, дојранско, 15-годишник од с.Фурка, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во преден дел на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(25) од с.Фурка. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа. Тие се приведени во полициска станица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во пресрет на големите божиќни празници, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и неговата сопруга Мартина, испратија силна порака за солидарност. Тие денеска во соработка со познатиот готвач Марк Де Јонг и учениците од СУГС „Лазар Танев“, подготвија повеќе од 250 топли оброци. Хуманитарниот настан се одржа во пунктот за бездомници на Црвениот крст, каде секој оброк значеше грижа и надеж за најранливите категории граѓани. „Среќата е најголема кога се споделува со другите, од срце! Во време кога дел од нашите сограѓани се соочуваат со тешки животни предизвици, наша човечка и општествена обврска…
Швајцарските власти соопштија дека досега се идентификувани 24 од вкупно 40-те жртви кои го загубија животот во катастрофалниот пожар што избувна за време на новогодишната ноќ во алпскиот центар Кран-Монтана. Меѓу идентификуваните е и најмладата жртва, 14-годишно девојче. Истрагата открива дека голем број од загинатите се малолетници, главно државјани на Швајцарија и Италија, но на листата на жртви се и млади лица од Турција и Романија. „Меѓу 119-те повредени има повеќе од 70 Швајцарци, како и Французи, Италијанци, Срби и мал број припадници на други националности“, пренесуваат светските агенции.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот е исклучително важен и дека првата фаза веќе е отпочната. „Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација ќе се обраќа електрична локомотива, електричен воз и 360 милиони денари е вредноста на проектот“, одговори премиерот Мицкоски. Претседателот на Владата истакна дека со трите делници од проектот очекува драстично да се намали користењето на патничките моторни возила. „Првата…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека откупната цена е до сега највисока и затоа и откупувачите и тутунарите се задоволни. „Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу 7 евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку напротив задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата тогаш доаѓаме до некои 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би…
На 03/04.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.С.(48), Ј.А.(26), Е.Р.(21), Х.Д.(21), сите од Скопје, како и М.Б.(24) од с.Орешани, општина Зелениково, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и сина материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“. Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, Џ.Л.(32) од Скопје пријави дека за време на новогодишната прослава на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и му оштетило прозорци и ѕид од неговата куќа. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
