Author: Author 04

Вчера во 17:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.Г.(32) од с.Франгово, струшко. При извршен преглед во неговиот продажен објект, пронајдени и одземени се вкупно 23.838 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници идруги специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна.На територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со…

Повеќе

Лицемерието на Филипче е огромно, по летувањето со Заев на милионската јахта во Грција, сега на зимување во Дубаи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.  Додека тука во Македонија, Филипче говори дека тешко се живеело, луѓето едвај сврзувале крај со крај, платите биле ниски и слични манипулации од негова страна, паралелно замина на одмор во Дубаи, една од најскапите држави во светот, вели Манасиевски. „Филипче нема само едно лице, туку повеќе. Еднаш е загрижен за пензионерите, ама од друга страна сака да им ги укинат зголемувањата на пензиите, друг пат  е загрижен за младите, меѓутоа…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста.

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична против Ј.А.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278 од Кривичниот законик. На 15.12.2025 во близина на с.Подмољје, општина Дебрца, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи сопреле товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, со кое Ј.А. вршел нелегален транспорт на поголема количина теписи и стази, по што беше лишен од слобода. Пронајдената стока, е предадена на Државниот пазарен инспекторат од Охрид за натамошна…

Повеќе

Ноќеска во 02:37 часот во ОВР Струга е пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки на локален пат во струшкото село Ливада со повреди по телото бил пронајден Џ.Д.П.(40) од Охрид. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Повеќе

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници. Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје. „Ова е петта година по ред, во која во пресрет…

Повеќе

Во пресрет на новогодишните празници, „Мастербет“ реализираше хуманитарна акција заподдршка на ЈУОДГ „Мајски цвет“ – објект Тафталиџе. Во рамки на донацијата се обезбедени 10 инвертер клима-уреди, со цел обезбедување оптимални услови за престој во текот на целата година; 3 диспензери за вода, за подобрување на секојдневната хигиена и практичност во објектот; 250 новогодишни пакетчиња во пресрет на Новогодишни и Божиќните празници,. Како знак на благодарност за поддршката на компанијата и беше доделена официјалнаблагодарница од страна на установата. Со донацијата, компанијата уште еднаш ја истакна својата долгогодишна посветеност конзаедницата и одговорното општествено делување.

Повеќе

Судот во Скопје донесе условна пресуда за упадот и насилството во просториите на редакцијата на „Инфомакс“, оценувајќи дека со настанот била загрозена безбедноста на новинарите и директно нападната слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана. Обвинетиот Горан Спасов од Скопје беше прогласен за виновен за кривичните дела насилство и спречување службено лице во вршење службено дејствие. Судот му изрече условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Покрај условната осуда, на Спасов му е изречен и заштитен надзор во траење од четири години, во…

Повеќе