Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Маж од Белгија приведен кај Бит Пазар
    • Тони Дескоски: ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат
    • СДСМ: Мицкоски е срам за Македонија, во Виена пренесе пораки од Москва
    • Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција
    • Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ со засилени контроли за празниците: Изречени казни од 33.000 евра и уништени над 600 килограми храна

    АХВ со засилени контроли за празниците: Изречени казни од 33.000 евра и уништени над 600 килограми храна

    30.12.2025 во 12:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници идруги специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна.

    На територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло.

    Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија.

    Со спроведените контроли и утврдените недоследности изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за операторите и одговорните лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезнедна храна, од кои 567 килограми производи од месо.

    Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.