- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
- Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
Author: Author 04
Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Од ПС за ВПС – Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една на локалниот пат Пирок – Боговиње, една на патот Тетово – село Требош. За една од сообраќајните незгоди не е побаран увид. Од БПС – Гостивар се пријавени вкупно 15…
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ц.(19) од Скопје. Според пријавеното, околу 19:45 чaсот кај место викано „Пеленица“ во населба Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.И.(20) од Скопје, кој употребил и тврд предмет, информираа од МВР во дневниот билтен.
„Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест, повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да правиме и создаваме услови за најмладите, за најмилите. Тоа се нашите деца. Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика, политика која подразбира брак, деца, затоа што тоа е иднината на државата и иднината на нацијата. Се останато претставуваат вредности кои, со сиот ризик повторно да бидам критикуван, оваа влада не може да ги промовира. Оваа Влада ќе промовира секогаш про-семејни вредности, вредности за кои што мислиме дека претставуваат основа и темел на една нација и една држава. Покрај оние бесплатни…
Вчера во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај“ во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип. Поради вдушување на чад, неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
Вчера во 17:45 часот во с.Стримница, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б.(34) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во просториите на општина Желино со остар предмет се заканувал на Б.С.(40) од с.копачин Дол, градоначалник на општина Желино. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) с.Видуше, општина Маврово и Ростуше, излетало од патот и паднало во река Радика. Во несреќата, од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка М.Ф.(56) од с.Видуше починале на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител возилото е задржано во полициска станица за вонреден технички преглед, а телата на починатите се дадени на обдукција, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР…
Вчера околу 09:30 часот во село Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишија од слобода М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од село Лажани, информираа од МВР. Како што појаснуваат оттаму, М.С. со возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес“ со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. Притоа, од М.С. се одземени гасен пиштол „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар од 9мм, додека од Б.С. се одземени гасен пиштол „Walther“ со 12 куршуми калибар 9мм. Известен е јавен…
Македонија во текот на наредниот период ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе променливо време, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Според метеоролозите, се очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, но и пораст на дневните температури. Поинтензивни врнежи се најавуваат за неколку дена, додека јужниот ветер ќе продолжи да дува со засилен интензитет. „Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец“, се вели во соопштението. Дополнително, од УХМР нагласуваат дека студените утра се зад нас: „Температурите ќе бидат во пораст,…
„Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДС и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител. Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од…
Жител на селото Марена се здобил со тешки телесни повреди додека ги извршувал своите работни задачи во фабрика во Кавадарци. Инцидентот бил пријавен вчера во Општинската општа болница, каде 59-годишниот З.А. бил донесен на укажување лекарска помош. Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска ги потврдија деталите за случајот, нагласувајќи дека полициските службеници веднаш излегле на терен по добиената пријава од здравствената установа. За случајот се известени и надлежните инспекциски служби кои треба да ги утврдат причините за несреќата. „Вчера во 11 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил…
