- Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти
- ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница
- Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец
- ДИК: Јахији победник, разликата само 265 гласа
- Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор
- МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
- ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
- Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
Author: Author 04
Ако сте подготвени да се соочите со вистината, ова е моментот за нов почеток – 3 хороскопски знаци претрпуваат силен удар од карма и ги сносат последиците за своите постапки. Колку пати сте се запрашале дали правдата навистина постои и кога оние што им наштетиле на другите конечно ќе ги сносат последиците? Универзумот има свој ритам, а сега е моментот кога сметките се порамнуваат. Не станува збор за одмазда, туку за космичка рамнотежа – лекциите што досега ги игнориравме сега стануваат неизбежни. Ова е време на конфронтација и духовно чистење. Според хороскопот, кога планетите, предводени од строгиот Сатурн, се усогласуваат…
Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, како што посочуваат од УЈП, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Нагласуваат дека порастот е континуиран во текот на целата година, со поизразено темпо во втората половина од 2025 година, кога е реализиран околу четири петтини од годишниот раст. -Приходите од ДДВ…
Патнички автобус излета од патот во Нова Пазова, на излезот за Старе Бановци. Според првичните информации, за среќа, нема повредени, но автобусот претрпе значителна материјална штета. По слетувањето, автобусот остана да лежи настрана во канал покрај патот. Во овој момент, деталите за сообраќајната несреќа и како автобусот се нашол надвор од патот не се познати.
Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во регионот на Жагубица, Србија објави Републичкиот сеизмолошки институт. Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил утрово во 4:29 часот. Земјотреси со овој интензитет не можат да предизвикаат штета на зградите во епицентралното подрачје.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави спровеле успешна воена операција врз Венецуела, при што претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени. Трамп преку својата социјална мрежа потврди дека лидерот на Венецуела веќе е изнесен од земјата. Според наводите на американскиот претседател, во акцијата биле вклучени и органите за спроведување на законот, иако засега не се откриваат детали за тоа кои конкретни агенции учествувале во нападот. Мадуро во САД се соочува со обвиненија за наркотероризам уште од 2020 година. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот на најавеното обраќање на Трамп. „Соединетите Американски Држави успешно спроведоа…
Почитувана СДС, среќни новогодишни и Божиќни празници. Иако се надевавме дека оваа година ќе го смените наративот, вие пак по старите стапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Уште зборат за мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не постојат, за дупки во Буџет кои не постојат. Но, знаеме дека на нив уште не им јасно дека ние државата не ја водиме како они што ја водеа. Ако они сакаа да носат мигранти во 2018 година, ние нема да носиме. Ако они го задолжуваа народот и нашите поколенија, ние нема да ги задолжуваме. Ако они го оставија Буџетот со дупки и празен, ние…
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза на планирање, а теренските активности со тешка механизација се очекуваат веќе ова лето. Според плановите, целосната двоколосечна пруга од северната до јужната граница треба да биде завршена до 2031 година, но едниот колосек би бил функционален три години порано. Николоски потенцираше дека акцентот во моментов е ставен на квалитетно планирање за да се избегнат доцнењата карактеристични за претходни проекти. Тој информираше и за напредокот на Коридорот 8, каде тимови од Македонија и Бугарија интензивно работат на документацијата за заедничкиот граничен…
2026-та ќе биде тешка година за граѓаните, во буџетот нема пари за зголемување на платите на работниците, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за намалување на високите цени, велат од СДСМ. „Веќе недостасуваат 1 милијарда евра. Сè е поскапено, а поскапувањето на струјата ќе повлече зголемување и на другите цени. Бидејќи следуваат избори па мигранти оваа година Владата до изборите ќе се обидува со манипулации и мачкање очи да ги излаже граѓаните. Се најавува повторно минимално зголемување на пензиите кое инфлацијата и поскапувањата веќе го изеде. Но, минималното зголемување на дел од пензиите на власта и…
Струмица е најстудениот град во Македонија ова утро со измерени -6 степени, додека во Скопје и Гевгелија температурите се спуштија до -4, односно -3 степени. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе, каде се регистрирани 24 литри на метар квадратен. Времето во текот на денот ќе се задржи променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Умерен до засилен ветер од јужен правец ќе дува низ целата земја, а дневниот максимум ќе се движи меѓу 6 и…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во општина Карбинци, каде ќе присуствува на пуштањето во употреба на проширениот објект на детската градинка во населеното место Таринци. Со оваа инвестиција, капацитетот на установата е двојно зголемен, овозможувајќи згрижување на вкупно 100 дечиња. Проектот е реализиран преку заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт. Финансиската конструкција е поделена во сооднос од 65 проценти обезбедени од буџетот на државата и 35 проценти учество на Општина Карбинци. Од владината прес-служба посочуваат дека ова проширување е клучно за решавање на долгогодишниот проблем со простор за најмладите во овој регион. „Вредноста на проектот изнесува…
