Author: Author 04

Вчера во 19:40 часот во СВР Скопје, И.Д.(64) од с.Рашче, скопско, пријави дека во с.Рашче, додека се превезувале со возило управувано од неговиот син кој бил заедно со неговото семејство, на кровот од возилото паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило. Полициски службеници од СВР Скопје зрното било подигнато за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник. Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, гостиварско, кој се здобил со повредите откако во раката му есплодирала петарда. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(36) од с.Пласница, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачкото право“. На 18.10.2025, пријавениот во својство на претседател на избирачки одбор на гласачко место, за време на гласање во првиот круг од локалните избори на болните и изнемоштените лица, не ја запазил постапката за гласање во домашни услови и овозможил во име на болно лице да гласа неговиот син, и покрај тоа што болниот не бил дома, односно бил хоспитализиран.

Повеќе

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 29.05.2024 и 31.05.2024, пријавениот во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки и извршил плаќање на фактури со вкупен износ од 84.320 денари за сместување (ноќевање) за него и за учениците од Државниот студентски дом во два хотели во Охрид, без притоа да спроведе постапка за јавна набавка.   

Повеќе

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Велес, и М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавениот Г.С., поранешен градоначалник на општина Чашка, во текот на 2021 и 2022 година во повеќе наврати свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако работела со скратено работно време и согласно Законот за работни односи забрането е вршење на прекувремена работа за лице кое работи со скратено работно време. Второпријавената М.А., раководител на финансиското одделение во општина…

Повеќе

ЈСП Скопје информира дека за време на новогодишните празници ќе има изменет режим на сообраќање на јавниот превоз, како и промени во работното време на билетарниците, центрите за персонализација и Жичницата. Утре (31 декември 2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по редовен зимен возен ред. Во четврток (1 јануари 2026 година), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите линии ќе се одвиваат согласно неделниот распоред. Од петок (2 јануари 2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави нов инвестициски циклус во железничкиот сообраќај вреден 21 милион евра. Средствата, обезбедени преку ЕБОР, се наменети за набавка на пет нови електрични локомотиви и резервни делови, со што се става крај на долгогодишната стагнација на МЖ Транспорт. Во своето обраќање, премиерот ја опиша затекнатата состојба во претпријатието како „катастрофална“, посочувајќи дека до неодамна железницата немала ниту една целосно функционална локомотива, што предизвикувало застој на стотици меѓународни композиции. „Просечната старост на дизел локомотивите е над 60 години, а на електричните над 40 години. Тоа не е одржливо, ниту економски, ниту безбедносно, ниту еколошки. Целта на оваа…

Повеќе

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето. Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето, соопшти ДПИ. При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како…

Повеќе

Позитивните резултати во наплатата на приходи и оперативното работење, скратените царински постапки со имплементација на нови технолошко напредни ИТ системи, како и унапредената меѓународна соработка со царинските служби од Западен Балкан и ЕУ, кои ги демонстрира Царинската управа се непобитен факт за улогата на Царинската управа како клучна институција која ја движи македонската економија и генерира позитивни процеси на државата. Ова го истакна директорот Бобан Николовски во гостување на емисијата „Старт“ на Блумберг Адрија. „Кумулативно, заклучно ноември остварена е наплата на приходи од 1,95 милијарди евра, што е близу 5 проценти раст или 87 милиони евра повеќе од лани. Историски…

Повеќе

Министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешното потпишување на договорот со ЕБОР најави целосна трансформација на железничкиот транспорт. Со новиот заем ќе се набават најмалку пет нови електрични локомотиви, кои заедно со постојните ремонтирани возила, ќе го покријат карго-превозот во државата. Николоски направи споредба на моменталната состојба со онаа од минатата година, нагласувајќи дека бројот на функционални локомотиви е зголемен од нула на над 11. Новата инвестиција е клучна за развојот на Коридорите 10 и 8, но и за проектот за градски воз во Скопје. „Набавката на овие пет нови електрични локомотиви ќе има суштинско значење за зголемување на карго-транспортот.…

Повеќе