- Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти
- ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница
- Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец
- ДИК: Јахији победник, разликата само 265 гласа
- Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор
- МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
- ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
- Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
Author: Author 04
Македонија денеска ја очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд во западните делови од земјата. На повисоките планини се очекуваат врнежи од снег, додека во останатите предели ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен правец. Температурниот опсег ќе се движи од минимални -8 до максимални 12 степени Целзиусови. Во главниот град Скопје времето ќе биде слично, со услови за повремен слаб дожд и температури до 8 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат продолжување на ваквиот тренд. „Под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Македонија влегува во фаза на екстремно ниски температури. Почнувајќи од вечерва, територијата на државата ќе биде под влијание на многу ладен бран од север, кој ќе донесе „ледена“ новогодишна ноќ. Најкритично ќе биде утре наутро (31 декември) и за време на дочекот на новата 2026 година, кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -13 до -4 степени, додека на повисоките места се очекуваат и рекордни -15 степени. Студот ќе биде дополнително засилен со силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Метеоролозите предупредуваат на појава на мраз и слана низ целата држава.
Вистинска драма се одвивала синоќа на улицата „Љубен Весов“ во стариот дел на Велес, во близина на спомен-куќата на Кочо Рацин. Околу 22:25 часот, избил голем пожар кој брзо се проширил од едно на друго патничко возило, зафаќајќи и електрична бандера. Благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на велешките пожарникари, спречена е поголема катастрофа. Пожарот се случил во дел од градот со тесни, стрмни сокаци и збиени куќи, каде постоела огромна опасност огнената стихија за неколку минути да се прошири врз домовите на граѓаните. Од ТППЕ Велес информираат дека на терен излегле со две возила и шест пожарникари, кои и…
Во Основниот суд во Штип денеска започна судскиот процес против познатиот угостител Стојанче Зарков, познат под прекарот Грофот, кој се товари за свирепото убиство на својата 84-годишна мајка. Пред судскиот совет, обвинетиот негираше свесно извршување на делото, тврдејќи дека има „црна дупка“ во сеќавањето. Зарков во својот кус исказ изјави дека има целосен прекин во сеќавањето за кобната ноќ на 8 август, кога се случи трагедијата што ја згрози штипската јавност. Обвинителството, од друга страна, е децидно во доказите. Обвинителката Тања Кацарова во воведните зборови побара изрекување на најстрога затворска казна, потенцирајќи ја суровоста на чинот во кој старицата го…
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот. Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од повеќе општини ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди. Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во општина Петровец. Во општина Студеничани, од 8.30 до 9.30 часот прекин ќе имаат корисниците од селата Драчевица и Цветово, додека во општина Сопиште, од 8.55 до 9.55 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка. Од 9 до 14 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30…
На денешната 140-та редовна седница, Владата го усвои Предлог-законот за јавно обвинителство, кој се најавува како клучен дел од реформската агенда за владеење на правото. Со ова решение, државата цели кон зајакнување на независноста и ефикасноста на обвинителскиот систем. Главната новина во законот е промената на постапката за избор на Јавен обвинител на РСМ. Се воведуваат јасно дефинирани критериуми и мерит-систем, со цел процесот да биде ослободен од политички притисоци. „Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет“, велат од Владата. Дополнително, се воведуваат…
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници.Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни.Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.
Голем дефект во снабдувањето со електрична енергија во тунелот под Ла Манш предизвика целосен колапс во железничкиот сообраќај што ги поврзува Лондон, Париз, Брисел и Амстердам. Меѓународниот оператор „Еуростар“ упати итен апел до граѓаните воопшто да не доаѓаат на станиците и да ги одложат своите патувања. Проблемот настанал поради дефект на надземниот далновод во 50-километарскиот подводен тунел. Ова предизвика серија откажувања на возови, а оние кои сè уште сообраќаат, бележат доцнења од неколку часа. Најкритично е на станицата „Сент Панкрас“ во Лондон, каде и покрај предупредувањата, се создадоа огромни толпи од луѓе кои чекаат информации за своите патувања. Операторот веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела, означувајќи ја првата копнена операција од почетокот на воената кампања против трговијата со дрога. Изјавата на Трамп дојде синоќа од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп посочи дека целта била објект кој се користи за товарење на дрога на бродови, нагласувајќи дека по силната експлозија, областа е целосно уништена. „Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите се натоварени со дрога. Значи, ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме областа и таа е исчезната“, изјави Трамп. Иако Белата куќа…
