Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика

    Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика

    03.01.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест,  повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да правиме и создаваме услови за најмладите, за најмилите. Тоа се нашите деца. Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика, политика која подразбира брак, деца, затоа што тоа е иднината на државата и иднината на нацијата. Се останато претставуваат вредности кои, со сиот ризик повторно да бидам критикуван, оваа влада не може да ги промовира. Оваа Влада ќе промовира секогаш про-семејни вредности, вредности за кои што мислиме дека претставуваат основа и темел на една нација и една држава.

    Покрај оние бесплатни шест ин витро процедури, од три зголемивме на шест, продолжуваме со отворање на нови градинки и елиминирање на листата за чекање, тоа кое што се обврзавме во програмата. Вчера беше Кочани, конечно после сите перипетии се отвори таа градинка за 114 дечиња, денес е оваа надградба на постојната градинка во Таринци, општина Карбинци за нови педесетина дечиња. Утре ве поканувам во скопско Сопиште, исто така отвораме градинка и продолжуваме во периодот кој што следи. Кога на ова ќе се додадат и оние книги кои што ги добија првоодделенците дека семејството преставува “мајка, татко, сестра, брат и јас“, тогаш јасно ги дефинираме политиките на оваа Влада и во таа насока ќе продолжиме и во иднина да промовираме таков тип на политики.

    Би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот, да им се заблагодарам и на министерот и на заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, што со својот  фокус и со својата работа во рекордно време ја пуштаме оваа надградба на постоечката градинка со капацитет за 50-тина дечиња. Во таа насока очекувам да продолжиме и во годините кои што следат. Ќе повторам, иднината се децата, нашите најмили и во таа насока ќе продолжиме да ги водиме политиките.  Честитам и на советниците во Советот, на администрацијата која што ја поддржува работата на градоначалникот, на пратениците кои што доаѓаат од овој дел на Македонија, на директорката на сите кои што се дел од оваа успешна и убава приказна овде во Општина Карбинци.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.