Вчера во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај“ во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип.
Поради вдушување на чад, неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.
Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
- Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
- СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа
- Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
- Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД
- Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
- Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
- Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
- МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење

