- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
- Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал
- Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе
- Крвава пресметка во кумановско: Татко и малолетник нападнале 25-годишник со нож
- Американскиот министер за финансии со предупредување: Иран ќе плати за штетите нанесени врз нашите сојузници
Author: Author 04
Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје официјално започнува на 15 октомври. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да започне и порано – конкретно, од 1 октомври – доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите пред официјалниот почеток, се спроведуваат неопходните подготвителни процедури на системот, вклучувајќи и ладни и топли проби и во тие процеси се лоцираат одредени дефекти. Во текот на летниот ремонт, помеѓу двете грејни сезони се вршеше напрегање на дистрибутивната мрежа, активност која била занемарена со…
Обилните снежни врнежи ја парализираа речиси целата општина Нова Варош. Како што изјави градоначалникот на општината, Бранко Бјелиќ, повеќе од 80 проценти од територијата моментално е без електрична енергија, а околу 5.000 до 6.000 жители во руралните средини немаат електрична енергија. Штабот за вонредни ситуации денес е на седница каде што ќе се одлучува за понатамошни мерки, а може да се воведе и вонредна состојба. Некои училишта не можеа да работат, Штабот за вонредни ситуации е на седницаТој нагласи дека училиштата работеле со тешкотии или воопшто не можеле да работат утрово, бидејќи греењето не работело додека не се воспостави снабдувањето…
Во текот на изминатата недела од страна на Царинската управа се запленети: 15.603 литри средство за стакла за возила, 410 пара патики, 23 автоделови, 39.5 кг. кафе, 69 парчиња облека, 2 употребувани велосипеди, 43 штеки цигари, 44 ножеви за циркуларна пила и регистарски таблички. Мобилните царински тимови и царинските службеници од граничните царински испостави открија и спречија повеќе прекршочни дела: На граничниот премин Блаце при контрола на камион на влез во државата откриени се 15.603 литри средство за стакла за возила. Непријавената стока не била опфатена во царинските документи. 410 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка се задржани…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на иницијатива за проширување на слободниот роаминг меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. „Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите држави, не само како можност за дискусија, туку и како заеднички напор за реални резултати. Поттикнати од Регионалниот совет за соработка, донесовме заедничка декларација што ќе упати повик до ЕУ и до сите наши соседи за воведување на иницијативата ‘роаминг како дома’ – со што би се намалиле трошоците за интернет, телефонски повици и…
До понеделник 6 октомври 2025 година доколку не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти. Тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, соопшти денеска опственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во моментов се доспеани 90 милиони денари. Долгот кон нас не е подмирен од април, односно од пред шест месеци. Ако вработените на ЈСП…
Овде во ОУ ,,Гоце Делчев“, ќе изградиме спортска сала. Нашите деца заслужуваат дом на спортот, каде ќе растат здрави, силни и горди, рече кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски. „Со гордост секогаш стојам пред вас и со вас, затоа што знам дека само заедно можеме да ја вратиме силата на Виница. Како што нашите предци теракотни икони, симбол на вечноста, така и ние треба да оставиме нешто трајно за нашите деца. Овде во ОУ ,,Гоце Делчев“, ќе изградиме спортска сала. Нашите деца заслужуваат дом на спортот, каде ќе растат здрави, силни и горди. Виница од секогаш раѓала…
ВМРО-ДПМНЕ може секој ден да го пушта редовниот лажго, Бране Петрушевски, може да штанца соопштенија со лажни обвинувања за СДСМ ама не може да побегне од вистината: половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши а тој и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси, велат од СДСМ. „Тие водат фирми во Бугарија, прават зделки за лична корист и додека се богатат, граѓаните ги оставаат во сиромаштија. Да потсетиме, фотографии од ручеци и средби со бугарскиот олигарх Волканов има Христијан Мицкоски, нема Венко Филипче. Токму Волканов, кој ја загадува Крива Река е пријател на Мицкоски, не на СДСМ. Токму во неговите…
Во недела со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи „Скопскиот Маратон 2025“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Васко Карангелевски“ и по истата траса назад до целта – Плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“,…
На 02/03.10.2025 во атар на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа Н.Т.(37) и К.Ѓ.(31), а на службен разговор во присуство на родител повикаа 15 – годишник, сите од село Мислешево. Тие се затекнати на локален пат помеѓу селата Требеништа и Мислешево при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „мицубиши паџеро“ без регистарски таблички, кое го управувал Н.Т.. Откако ги забележал полициските службеници ја зголемил брзината, но набргу го запрел возилото и тројцата се обиделе да побегнат, но биле фатени. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.
Тројцата обвинети за предизвикување на пожарот во Варадариште на стартот на денешното судење, признаа вина. Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи се обвинети дека незаконски собирале и складирале отпад со што сториле кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад. Според законот за кривична постапка, за тоа дело е предвидена затвроска казна од миниму три месеци, до максимални три години затвор. Судењето е се уште во тек.
