Author: Author 04

Студентот по медицина Спасение Анчески од Скопје се соочува со сериозна здравствена состојба – акутна миелоидна леукемија (АМЛ). Првата хемотерапија што ја прими во Македонија, за жал, не даде посакувани резултати. Затоа неговото лекување мора да продолжи во Загреб, каде што постојат поголеми шанси за успешно закрепнување. Во овој момент, на Спасение му е неопходна финансиска поддршка. Секој придонес, без разлика на износот, претставува огромна помош за него и неговото семејство во овие тешки моменти. Да останеме обединети и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Заедно можеме да му овозможиме Спасение да ја продолжи својата младост и да стане…

Повеќе

Вчера во 13:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријави дека на 30.09.2025 во 16:10 часот во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Ј., наставник во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Денеска во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43)  од Прилеп и патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки.Според пријавеното, веднаш потоа настанала расправија помеѓу М.Џ. и возачот на возилото „ауди“, кој притоа со остар предмет го нападнал М.Џ. и му нанел убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Пирок-Тетово, во с.Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од с.Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Повеќе

Државната изборна комисија денеска на 139. седница ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче за претстојните локални избори. Како што појасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко гласачкото ливче за градоначалник содржи назив на гласачкото ливче, број на гласачкото ливче, место и општина, име и симбол, доколку го има од подносителот на листата, реден број, име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната евиденција. Кондарко додаде дека делот од гласачкото ливче, кој останува на кочанот, на блокот содржи сериски број на гласачкото ливче, општината и бројот на гласачкото место. -Серискиот број не стои на самото гласачко ливче,…

Повеќе

Фондот за здравствено осигурување, по преземањето на новото раководство, меѓу своите први и приоритетни активности, во соработка со Здружението на приватни лекари, го стави подобрувањето на условите за работа на матичните лекари во руралните подрачја. Во таа насока, е зголемен надоместокот за овие лекари и е овозможено функционирање на ординациите со нецелосен тим. Исто така е капитацијата на матичните лекари се зголеми за историски 33%, како чекор на засилување на примарната здравствена заштита. -Водени од принципот за еднаков пристап до здравствена заштита за сите осигурени лица, Фондот започна со активности за измена на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените…

Повеќе

Венко Филипче со бугарските фирми со бонбона бизнис за Бугарија. Венко Филипче со резолуцијата прави бонбона бизнис за Бугарија, но отвора и пат за нови зделки негови и на Заеви во таа држава, кои одамна ги имаат, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -На 18 ноември 2022 година Венко Филипче во Бугарија ја формирал фирмата Пауер АИ8 ЛТД (POWER i8 Ltd). И истата ја регистрирал на адреса со фирмите на Заеви, меѓу кои и Гомасидра, каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола. Заеви, заедно со Филипче откако свртеле 9 милиони од јагленот преку бугарските фирми во Македонија…

Повеќе

Старлетата Станија Добројевиќ не зборува многу за својот приватен живот, но неодамна ја откри вистината за загубата на своето бебе и болните моменти низ кои поминала. Откако дознала дека е бремена, Старлета била пресреќна. Требало да има бебе со Асмин, но радоста не траела долго.

Повеќе

Светот се движи кон војна и се плашам дека малкумина можат да ја спречат, изјави денес претседателот Вучиќ. Да ве потсетиме дека претседателот Александар Вучиќ свечено отвора нова брза железница што ги поврзува Белград и Суботица. За време на отворањето, претседателот се вози со возот Соко на оваа делница, што претставува значаен чекор во подобрувањето на железничката инфраструктура во Србија.

Повеќе

Петнаесет дронови беа забележани над воената база Елзенборн во источните кантони на Белгија, објавува VRT NWS, повикувајќи се на сигурен неименуван извор. Министерството за одбрана го истражува инцидентот од синоќа, потврди канцеларијата на министерот за одбрана Тео Франкен. „Околу 1:45 часот по полноќ вечерва, локалната полиција во германскиот град Дирен забележа 15 дронови. Тие се појавија над нашата воена база Елзенборн и влегоа во германскиот воздушен простор. Германија го пријави ова до Министерството за одбрана синоќа, ми велат изворите, но оваа информација очигледно не била доставена до Министерството за одбрана“, рече експертот за одбрана Јенс Франсен. Според него, белгиски тест…

Повеќе