- Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе
- Крвава пресметка во кумановско: Татко и малолетник нападнале 25-годишник со нож
- Американскиот министер за финансии со предупредување: Иран ќе плати за штетите нанесени врз нашите сојузници
- Папата Лав XIV од Канарските Острови: Човечкото достоинство нема пасош, лидерите да покажат солидарност
- Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
- Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот
- (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
- Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
Author: Author 04
„Во изминатиот период покажавме дека вистински се грижиме за нашите ученици во основните училишта. Веќе 60 проценти од учениците посетуваат едносменска настава, а крајната цел е во сите училишта во Ѓорче Петров да се оди во една смена. Поставуваме нови приоритети. Предвидуваме доградба на пет основни училишта во општината“, вели Александар Стојкоски, актуелен градоначалник на Ѓорче Петров, кој е кандидат и на овие локални избори. „Ќе се доградуваат општинските основни училишта „Страшо Пинџур“, „Мирче Ацев“, „Јоаким Крчоски“, и централното и подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, како и основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково. Со ова, целосно ќе ги…
Искористување на хидроенергијата која е скриена во секојдневното живеење е добро позната пракса во светските метрополи, каде се работи на тоа да се препознае и искористи секој потенцијал што веќе постои и да се вклопи во електроенергетскиот систем. Водоводните инсталации и прочистителните станици се еден таков потенцијал. Во секој град водата патува низ километри цевки за да стигне до потрошувачот. Мрежата е под постојан притисок, кој од безбедносни причини се редуцира и испушта неискористен. Системот вообичаено дозволува енергијата да исчезне како топлина и турбуленција во цевките. Во Европа последнава деценија се искористува и оваа енергија за производство на струја. Во…
На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со тешки повреди на главата, го прeживеа нападот. На местото на настанот загина неговиот возач Алекасндар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател Илчо Теовски. Од последиците од експлозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски, исто така случајни минувачи. Истрагата која беше спроведена утврди дека нападот бил добро испланиран и организиран, но и натаму, ниту организаторите ниту извршителите не се изведени пред лицето на правдата. Атентатот беше извршен со возило „цитроен…
Државниот службеник Драган Николовски првпат се јавува во улога на кандидат за градоначалник, во име на група избирачи. Во интервју за „Вечер“ тој за себе наведува дека има тридецениско искуство во спроведувањето информатичко-технолошки проекти, дека работел и во филмската и во телевизиската продукција и дека им помага на сите што му побарале помош, колку што може. Николовски има необичен предлог – тој вели дека ќе се залага за организирање референдум на кој жителите на главниот град би одлучувале за враќање на, како што вели, старото име на градот – Скупи. „Сите почнати, но недовршени капитални инвестиции, и од проектот визија СК14 и…
Четири години ја водиме заедно оваа битка. Четири години се бориме за чист, зелен и убав Аеродром! Четири години Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ не лажат, ни кажуваат приказни за мали деца, ни продаваат магла! – порача на вчерашниот митинг носителот на листата на кандидати за членови на Советот на Општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Милутин Ристески. Цели 4 години ниту една од ветените 4 нови градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче не е изградена. Последните 2 новоизградени градинки во Стар Аеродром и Ново Лисиче се изградени во мандатот на СДСМ. Дури и единствената градинка која…
Врнежите од снег кои го зафатија мавровскиот крај, предизвикаа проблеми во сообраќајот и на одредени сообраќајници има паднати дрвја. Екипи со вработени во Националниот парк „Маврово“ од синоќа ги расчистуваат коловозите. -Во текот на вчерашниот ден и синоќа вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово“ со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрвја кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското Езеро. Причина за паднатите дрвја е снегот кој врнеше во текот на целиот ден, наведуваат од НП Маврово. Оттаму посочуваат дека се општествено одговорна институција, која се става во служба на…
Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија за МИА од Општинската изборна комисија во Битола. Според јавно достапните податоци, највозрасна е Цветанка Велјанова која има 97 години и е кандидатка на политичката партија МААК. Веднаш зад Велјанова според возраста е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК. Во групата три највозрасни кандидати за членови на Советот на Општина Битола е и Трајан Котевски кој има 80 години и е на кандидатска листа поддржана од група избирачи. На годинешните локални избори во Битола од ДИК потврдени се 16 кандидатски листи за…
Разрешен е судијата кој се најде на американската црна листа.Енвер Беџети кој до вчера работеше како судија во скопскиот апелационен суд на црната листа се најде заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство заради вмешаност во корупција и примање мито.Американските власти утврдиле дека двајцата подолго време влијаеле да не се суди предметот за масовното прислушување во кој обвинет беше поранешниот диркетор на УБК, Сашо Мујалков, поради што судскииот предмет застарел. Постапката за утврдување одговорност за судијата Беџети ја почна Судскиот совет кој првин го казни парично, а откако се најде на црната листа беше и разрешен.Според соопштението…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел зајакнување на врските меѓу институциите, отворање на нови можности за студентите и унапредување на практичната настава. Документот го потпишаа министерката Божиновска и деканот на Факултетот, проф. д-р Златко Петрески. Со овој Меморандум се создаваат услови за студентски пракси во Министерството, заедничко учество во проекти, како и организирање на работилници, обуки и конференции. Дополнително, документот отвора пат за долгорочна соработка во областа на енергетиката, машинството и иновациите, како и поголема вклученост на студентите во процесите…
Синоќа во Капиштец беше отворен промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски. Настанот привлече голем број граѓани кои му дадоа силна поддршка за нов мандат, препознавајќи ги резултатите од неговата досегашна работа и визијата за иднината на Центар. Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години заедно со неговиот тим покажале дека Центар може да биде современа, транспарентна и европска општина. „Ги реализиравме ветувањата и донесовме вистински промени. Ја изградивме најубавата градинка „Пролет“ во државата, која е синоним за модерна и скандинавска градинка. Ги реконструиравме сите училишта, ги реконструиравме фискултурните сали и обезбедивме униформи за учениците. Поставивме…
