Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Сали замина во Киев – ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина

    Министерот Сали замина во Киев – ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина

    24.02.2026 во 11:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, денес ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции.

    Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, заедно со заменик-претседателката на Владата на Украина, г-ѓа Јулија Свириденко, при што ќе биде изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ.

    За време на посетата, предвидена е билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција на Украина, г. Тарас Качка, на која ќе се разговара за напредокот во процесот на европска интеграција, спроведувањето на реформите и унапредувањето на соработката меѓу двете земји во пристапниот процес кон Европската Унија.

    Во агендата е предвидена и средба со претседателката на Комитетот за интеграција на Украина во Европската Унија при Врховната рада, г-ѓа Ивана Климпуш-Цинцадзе, со фокус на парламентарната соработка и размената на искуства во пристапните преговори.

    Сали ќе оствари средба и со врховниот муфтија на Украина и претседател на Духовната управа на муслиманите на Украина, Ахмед Тамим, на која ќе се разговара за меѓурелигискиот дијалог и улогата на верските заедници во промовирањето на мирот и општествената стабилност.

    Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка и реафирмирање на поддршката на Северна Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и евроатлантската перспектива на Украина.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.