Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска од УКИМ: Не се укинува вонредното студирање, дезинформациите штетат на државата

    Јаневска од УКИМ: Не се укинува вонредното студирање, дезинформациите штетат на државата

    23.02.2026 во 16:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука (МОН) заедно со универзитетите ќе го финализира новиот закон за високо образование преку инклузивна јавна дебата, порача денеска министерката Весна Јаневска пред почетокот на дискусијата на УКИМ. Таа нагласи дека МОН не е спротивставена страна на академската заедница, туку партнер во процесот.

    Јаневска остро ги демантираше тврдењата кои деновиве се појавија во јавноста во врска со студирањето и научното истражување.

    „Деновиве се изнаслушавме дезинформации и, би рекла, конкретни лаги, дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување научно-истражувачки трудови итн. Лагите и дезинформациите во суштина се на штета на државата и на младите луѓе. Апелирам да се престане со тоа, бидејќи сме отворени за секоја конструктивна критика“, изјави Јаневска.

    Министерката најави дека по инкорпорирањето на сите прифатливи забелешки, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР. Таму веќе е поставен и третиот закон од овој пакет – предлог-законот за научно-истражувачка дејност.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.