Close Menu
Press24
    Најново

    Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија

    10.07.2026 во 23:52

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
    • Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
    • Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
    • Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
    • Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
    • Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
    • Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
    • Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски

    Кузеска: Враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски

    23.02.2026 во 13:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција посочи дека враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.

    „Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад најавува некое апсење“, посочи Кузеска.

    Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата за скандалите и криминалите, но ќе добијат театар, како денеска. На сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

    „Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори“, рече Кузеска.

    Таа посочи дека власта нема одговор на скандалите и прави дефокус, а вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ.

    „Како нема ниту една камера од 65 илјади камери за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: ДУИ во паника – се моли да нема избори во Тетово

    10.07.2026 во 18:01

    Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик

    10.07.2026 во 17:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.