ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Пријавените, како концесионери на Шумско- стопанска единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво.
Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 кубни метри без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653.228 денари по редовен ценовник или 2.037.700 денари по оштетовен ценовник.
- Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
- Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
- Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
- Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
- Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
- Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
- Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
- Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

