Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 34,520 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.2.2025 година.
- Драма во Велес: Момче насила ја качило поранешната девојка во автомобил, полицијата го уапси
- Мицкоски утре ќе го означи стартот на гасоводното поврзување со Србија
- Пресврт во политиката на Будимпешта: Унгарија ја прогласи Русија за закана во ОН
- Катастрофа на Хималаите: Поплави однесоа села во Непал и Тибет, се трага по стотици исчезнати
- Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден: Регистриран и првиот случај во Куманово
- Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино
- ДЗС: Невработеноста падна на 11,3 проценти, се зголеми бројот на вработени
- МВР приведе 12 возачи: Возеле без дозвола, под алкохол и под забрана

