- Полициска акција ширум земјата: Приведени 17 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци
- Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“
- ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ која ги манипулира младите за лични интереси
- ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ
- Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“ за утре
- Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно
- Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра
- Кремљ потврди: Владимир Путин на 19 и 20 мај во официјална посета на Кина
Author: Author 04
Кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува со некакви инциденти, провокации или злоупотреби на институциите кои наместо за граѓаните се ставени во функција на ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско. Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме…
Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум, актуелниот градоначалник Дарко Костовски изминатите 4 години реализираше дури над 90 проценти од својата програма, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дополнително во Бутел се реализираа повеќе од 70 проекти кои не беа дел од програмата, што само покажува и докажува дека Костовски ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес. Општина Бутел мора да продолжи да се гради и развива во модерна и урбана општина. Затоа во програмата за претстојните локални избори, е предвидено изградба на две основни училишта во Љубанци и Љуботен, каде што на учениците ќе им се обезбедат соодветни…
Полицијата во Турција уапси 19 актери, инфлуенсери и пејачи во среда како дел од голема операција за дрога. Меѓу оние што се приведени во жандармеријата во Истанбул беше и Хадисе Ачикгез, која учествуваше на Евровизискиот натпревар во 2009 година. Според турските извештаи, уапсените дале примероци од крв покрај изјавите. Меѓу повиканите на сослушување се актерите Демет Евгар, Озге Озпиринџи, Мерт Јазиџиоглу, Џан Јилдирим, Кубилаи Ака, Берак Тузунатач и Мериќ Арал, пејачките Хадисе Ачикгез и Ирем Дериџи, инфлуенсерката Дујгу Озаслан и влијателниот пар Дилан и Енгин Полат. Адвокатката на Дилан Полат, Севинч Хороз, изјави дека нејзината клиентка претходно била подложена на…
Телото на Марко М. (47) од Белград беше пронајдено вчера во грмушка во Белград. По наредба на обвинителот, телото е испратено во Институтот за судска медицина на обдукција. Семејството ја пријавило за исчезната на 4 октомври. Според последните информации, на телото немало повреди што би укажувале на насилна смрт.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер информираше дека е многу горд на отворањето на новата градинка „Пролет“ којашто е најмодерната и најурбана градинка во целата држава. Герасимовски, потенцираше дека се реконструирани сите останати градинки на територија на Центар, а денеска најмалите жители имаат најдобри услови. „Градинката „Пролет“ не само што е модерна, урбана и најдобра во државата, туку чини само 900 евра по квадрат. Тука се покажува нашето домаќинско работење и се докажува колку инвеститорите веруваат во Центар. Инвестиравме во училиштата, во нови спортски сали и подобрување на условите…
Коалицијата ВЛЕН реагира со најдлабока индигнација за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.Особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања. „Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката.ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист.Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа…
Вчера во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани. Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тони Коњановски, кандидат за градоначалник за општина Битола од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, посочувајќи дека минатогодишниот мандат го извршувал посветено, одговорно, отчетно, а новиот мандат ќе значи континуитет на активностите кои секојдневно се реализираат на терен. Коњановски истакна дека Битола во изминатите четири години беше едно градилиште и посочи дека истата ќе продолжи да се гради и развива не само инфраструктурно, туку и во делот на културата и спортот чии впрочем и обележја се на градот Битола. Коњановски во продолжение го елаборираше и проектот за топлификација на…
„После 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нам и на сите граѓани во наследство ни остана опустошен и обезличен град, запуштени и запоставени села, осиромашени граѓани. Наместо ред, донесоа хаос. Наместо подобар живот, поскап живот“, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, на граѓанска трибина. Таа истакна дека цените на водата, данокот на имот, комуналиите, градскиот превоз и паркингот значително се зголемија, додека финансиската состојба на јавните претпријатија е влошена и денес имаат долг од над 2 милиони евра. „Партиските директори од тефтерчето на Проданоски ги доведоа претпријатијата пред банкрот и удрија по џебот на граѓаните. Тандемот Јовчески–Проданоски има директна…
„Денес гледаме власт што не знае што значи државност. Власт што секој ден го понижува трудот на обичниот човек, што се однесува со институциите како со партиски штабови. И кога ќе ги слушнете нивните празни говори, запомнете едно – луѓе без визија и резултати секогаш зборуваат најмногу за минатото и за противникот, затоа што резултати немаат, а иднината им е неизвесна,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанска трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која синоќа се одржа во Прилеп. Тој нагласи дека по повеќе од една година власт, ВМРО-ДПМНЕ и…
