Author: Author 04

Во преполната сала „Партизан“ во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, одржа силен и содржаен говор во кој ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје. „Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени. Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги:…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош, порача дека ароганцијата на власта не може да трае бесконечно, бидејќи народот не заборава, граѓаните не се наивни и веќе ја препознаваат вистината. „Македонија веќе се буди. Луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот, туку влада над народот”, рече д-р Филипче. Тој нагласи дека граѓаните ги препознаваат лагите и манипулациите на ВМРО-ДОМНЕ и кај нив се буди чувство за промени. „И секојдневно расте чувството дека е време нешто да се промени, не…

Повеќе

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Македонски Брод, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше дека се неопходни реформи, ресет на системот кој ќе донесе подобар живот и владеење на правото. Мицкоски истакна дека судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судиите да судат според законот, а не според влијанија. „Моментот што го чекале генерации е пред нас, време за ресет на системот, време да ги скршиме ланците на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и…

Повеќе

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, се обрати денес на народниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! ,, Македонски Брод е нашата емоција, нашето минато, нашата иднина, но и нашата сегашност. Македонски Брод и поречјето треба да се чува, да се негува и да се гради. Излегуваме со конкретна програма, програма која ја работевме со вас, програма која има конкретни и реални проекти. Почитувани јас во наредниот мандат нема да ветувам чуда, туку само чесна работа и остварливи и реални…

Повеќе

Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите на луѓето, која ја третира државата како сопствена компанија, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош. Тој посочи дека владеењето на власта е претворено во шоу, наместо во конкретни дела, мерки и политики за граѓаните и за напредок на државата. „Денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира. Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина“, истакна Филипче. Во обраќањето Филипче…

Повеќе

„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош. Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот. „Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател.“ потенцираше Филипче. „Оваа власт се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија…

Повеќе

Во Апелациониот суд во Тирана денеска се случи трагичен инцидент кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан додека ја извршуваше својата работа. Тој беше пренесен во клиниката за трауматологија во Тирана, но кратко потоа подлегна на повредите. Напаѓачот, Ѓан Шкемби, испукал три куршуми во судијата веднаш штом почнал да ја чита одлуката во својот случај. Во инцидентот биле ранети и две други лица, татко и син, кои се надвор од животна опасност. Судијата Калаја водел спор за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Семејствата тужеле дека Шкемби со фалсификувани документи станал сопственик и ги…

Повеќе

Зимата што претстои, според сите извештаи, ќе биде „како старата“, изјави службата за следење на времето „Severe Weather Europe“. Како што објаснуваат експертите од таа служба, ваквите прогнози се однесуваат на делови од САД, Канада, но и на Европа. Имено, како што е дополнително наведено, три фактори моментално покажуваат сличности со неколку силни и студени зими. „Severe Weather“ ја анализираше состојбата на глобалниот временски систем и пронајде неколку години во изминатите децении со слични услови. Потоа нивните експерти ги разгледаа податоците за тоа како поминале зимите во тие години за да ги користат добиените информации како насоки. Студената фаза на…

Повеќе

Пред да дозволуваат реакции и соопштенија од СДС и да кажувате глупости во јавноста, да ве потсетиме на овие моменти. Не е поентата дали министер е на партиски настан, туку дали истиот ја злоуоптребува позицијата. Вие тргнувате од себе и мислите дека сите така прават. Грешите. А и знаеме зошто го таргетирате Панче Тошковски, да не е случајно заради некои муабети дека почнати се сериозни истраги против криминалци поврзани со политичари кои се одзиваат на имиња што ви се познати и ги слушате често?, се вели во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Од тоа е стравот. Бидете реални. И да бидеме и…

Повеќе

30 летови откажани поради видување балон, што влијаеше на 6.000 патници Десетици балони што носеа илјадници пакувања цигари влегоа во литванскиот воздушен простор, принудувајќи ги властите да го затворат аеродромот Вилнус неколку часа во недела. Националниот центар за управување со вонредни состојби (NCMC) соопшти дека се откриени 25 метеоролошки балони што влегуваат во Литванија од соседна Белорусија, од кои два се наоѓаат директно над аеродромот, според BBC. Најмалку 11 од балоните носеле 18.000 пакувања цигари наменети за црниот пазар, соопшти царинската гранична служба на Литванија. Портпаролот на NCMC изјави дека балоните што носат шверцувана стока, цигари од Белорусија, не се…

Повеќе