- Полициска акција ширум земјата: Приведени 17 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци
- Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“
- ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ која ги манипулира младите за лични интереси
- ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ
- Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“ за утре
- Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно
- Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра
- Кремљ потврди: Владимир Путин на 19 и 20 мај во официјална посета на Кина
Author: Author 04
Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје, К.С.(54) од Скопје пријави дека на 05.10.2025 околу 02:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 20:30 часот во СВР Скопје, Б.В.(42) од Скопје пријави дека околу 16:40 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 11:15 часот во СВР Тетово сам се пријавил Ф.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, за кого има распишана национална потерница од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“ по член З94 став 2 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.
Нов фудбалски стадион, реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“ и спроведување на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“ се низа инфраструктурни и социјални проекти за Шуто Оризари кои денеска ги најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Според него, овие вложувања се дел од визијата за рамномерен развој на Скопје, каде секоја општина добива шанса да придонесе кон заедничкиот напредок. -Шуто Оризари е дел од нашата визија за современо и функционално Скопје, каде секоја општина добива шанса да го развие својот потенцијал, изјави Ѓорѓиевски. Меѓу…
Време е за вистински чист Карпош. Хигиената во Карпош не е прашање на свест и култура, тука на одговорни општински служби што ја работата својата работа. Ако улиците се валкани, ако контејнерите се преполни, ако низ маалата мириса, тоа не е вина на граѓаните, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, како што додава, е доказ дека системот не функционира. „Јас нема да го прифатам тоа, затоа што и самиот сум дел од Карпош ќе воспоставам систем во кој чистотата ќе стане брендот за Карпош. Затоа што ништо не зборува повеќе за една општина, отколку…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата. „Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни економски проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – тогаш забегува кон вакви некакви лаги,“ изјави Филипче. Тој додаде дека владата се соочува со сериозна економска стагнација и дека тоа го потврдуваат и меѓународните институции.…
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска пред медиумите говореше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма. „Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните,“ истакна Шукова. Таа објасни дека концептот „Скопје без хартија“ претставува дигитална револуција во функционирањето на градската администрација, со цел секој процес да биде брз, достапен и видлив за сите. Според Шукова, дигитализацијата на јавните услуги е темел на новиот модел на управување. „Преку алатката „Отворен буџет“, граѓаните ќе…
Започна нова страница во извршувањето на санкциите, откако за првпат беше спроведена пресуда за куќен затвор со употреба на опрема за електронски надзор. Овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велешко, на осудено лице му поставија алка на глуждот, со која ќе се следи неговото движење Според условите на пресудата, осуденикот нема да смее да го напушта својот дом во наредните три месеци. Единствен исклучок е правото на престој на свеж воздух, кое е ограничено на најмногу два часа дневно. Од надлежните служби појаснуваат дека системот функционира преку постојан мониторинг. „Во случај на непочитување на упатствата за користење на…
Вчера во 18:26 часот на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Север Југ“ патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (49) од Битола, налетало на пешакот Ѓ.Х. (45) и неговиот миленик, соопшти СВР Битола. Пешакот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Во трагичниот настан, кучето било усмртено на лице место.Увидна екипа од СВР Битола извршила увид на местото на несреќата за да ги утврди причините кои довеле до неа.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината, Горан Герасимовски, порача дека во следниот мандат продолжува со интензивни вложувања во нови и модерни детски и спортски игралишта, со цел да се поттикне физичката активност, социјализацијата и спортскиот дух на сите генерации во Центар. „Ги обновивме сите детски и спортски игралишта во Општина Центар. Сега, децата, младите, но и возрасните имаат свој простор каде што можат да се рекреираат, дружат и социјализираат. Во новиот мандат продолжуваме со поставување на нови игралишта и урбана опрема, со што ќе ги поттикнеме центарци на повеќе физичка активност и негување на спортскиот дух“,…
