Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски со пензионерите од Центар: Бесплатни прегледи во понеделник и враќање на „Корзото“ со игранка на отворено

    Герасимовски со пензионерите од Центар: Бесплатни прегледи во понеделник и враќање на „Корзото“ со игранка на отворено

    03.04.2026 во 12:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски,  одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината.

    На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се одржат во понеделник во општинскиот Младински центар Матично  , во пресрет на Светскиот ден на здравјето.

    „Здравјето е најважно! Дојдете, проверете ја вашата здравствена состојба и искористете ја можноста за стручни совети од лекарите“, рече Герасимовски.

    На средбата во фокус беше и  проектот „Застапеност на своевремениот наставен предмет домаќинство во образовниот процес во соработка со пензионерите“, преку кој учениците од седмите одделенија учат практични вештини од искуството на повозрасните, шиење, кроење, плетење и везење, подготовка на здрави оброци, како и сликање и дизајнирање.

    Во мај се планирани нови активности за пензионерите :  „Носталгија за Корзо во Општина Центар“, со прошетки,  игранка на отворено и сеќавања на старите добри времиња , екскурзија и спортски игри.

    Со ваквите иницијативи, Општина Центар продолжува да поттикнува активен живот, размена на искуства и вклученост на сите категории граѓани.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.