- Скопјанка со години трпела голгота – Сопругот ја истепал и избркал од дома
- Ноќен инцидент во Скопје: Ѝ го полиле автомобилот со запалива течност и го запалиле
- Скопјанка се јавила во полиција: „Другарката ме нападна во такси”
- Хорор за малолетничка од Македонија: Мајка и прекршила судска одлука и ја претепала
- Драма во Скопје: Свекрва си ја пријавила снаата во полиција
- Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери утринските температури и најави пресврт
- Експерти од Македонија и Словенија на иста маса – Нови можности за лекување на Паркинсон и Алцхајмер
- Ќе остане запаметен меѓу студентите и колегите – Комеморација за Зоран Велковски кој го посвети животот на науката
Author: Author 04
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со заменик министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи – Шаќири, денеска оствари работна посета на општина Долнени каде изврши увид во тековните проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и заштита на животната средина. При посетата беше истакнато дека во тек е реконструкција и регулација на речното корито во Дереште, инвестиција вредна 11,8 милиони денари обезбедена преку „Унгарскиот кредит“, од кои Министерството директно учествува со речиси 5,8 милиони денари. Овој проект е од клучно значење за заштита на локалното население, со што се потврдува заложбата за рамномерен регионален развој и…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година.За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб- страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе можат да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел –…
Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него, информираа од полциијата во дневниот билтен. Се работи на целосно расчистување на случајот, известија од МВР.
Вчера во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 16:00 часот во ПС Пробиштип од Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од с.Добрево, пробиштипско, со прострелна рана. Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано „Чукар“, атар на с.Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето. М.Н. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони. За настанот е известен јавен…
Вчера во ОУ „Елпида Караманди“ – Битола, се одржа едукативна работилница посветена на значењето на водата, во организација на Инервил клуб Битола, со поддршка на ЈКП Водовод Битола. „Настанот е дел од интернационалниот проект „Водата е живот – чувај ја водата, чувај ја иднината“, во кои учествуваат клубови од Турција, С.Кипар и Бугарија. Учениците блеснаа со креативност преку рецитали, драматизации и интересни презентации, испраќајќи силна порака за заштита на водните ресурси. Особен акцент беше ставен на стручните презентации, при што вработените од ЈКП Водовод Битола: технолог Лела Ацевска и инженер Александар Велјановски, ги презентираа процесите на преработка и контрола на…
„Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед“, истакна министерот Зоран Љутков при денешната работна посета на Лешочкиот манастир. За време на посетата, министерот Љутков беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и стручен тим од институцијата. Министерот информираше дека проектот за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на стариот конак е во завршна фаза, за што Министерството за култура и туризам издвои 6 милиони денари. Градежните активности, кои опфаќаат ѕидарски и столарски работи, се одвиваат…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на настанот за воспоставување соработка помеѓу Агенцијата за иновации (ИНОВА) и државните универзитети, истакнувајќи дека поврзувањето на науката со економијата е клучно за развојот на земјата. Мицкоски порача дека секој вложен денар во образованието е влог во силата на татковината. „Образованието е најмоќното оружје со кое може да се промени светот. Овој меморандум е силна порака дека преку партнерство можеме да создадеме услови за развој на претприемништвото и поддршка на стартапите“, изјави премиерот. Според него, фокусот на ова партнерство е создавање економија базирана на знаење, што ќе овозможи поефикасен трансфер на технологии и…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција упати сериозни обвинувања до претходната власт на СДСМ и ДУИ за урбанистичкиот план во Тетово поврзан со просторот на некогашниот гигант „ШИК Јелак“. Според Петрушевски, само еден ден по изборот на владата во 2020 година, биле донесени измени во ДУП со кои директно му се овозможил бизнис вреден 200 милиони евра на бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака. „Станува збор за просторот откупен преку фирмата ‘Јелак Градба’. Крими-коалицијата на СДС и ДУИ донесе план со кој на ова место требаше да никне урбана џунгла со над 2.000 станбени единици“, истакна Петрушевски. Тој додаде…
Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство, Кузеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска. „Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше принудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше, а потоа и ја исфрли“, рече Кузеска. Таа додаде…
