Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
    • Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
    • Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична
    • (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден
    • Груби за прв пат на суд како слободен човек – пречек како што доликува
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почна аплицирањето за ваучери за инвертер клими – годинава процесот е целосно електронски, проверете дали ги исполнувате условите

    Почна аплицирањето за ваучери за инвертер клими – годинава процесот е целосно електронски, проверете дали ги исполнувате условите

    03.04.2026 во 14:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година.

    За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб- страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе можат да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел – институциите да бидат поблиску до граѓаните и нивните реални потреби. Начинот на аплицирање ќе биде детално објаснет и јавно достапен, за да се обезбеди еднаков пристап за сите заинтересирани.

    Јавниот повик се спроведува согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година и предвидува доделување на ваучери за набавка и вградување на инвертер клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, со што директно се придонесува кон намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

    Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

    Право на учество имаат:

    1. Домаќинства со лица корисници на надоместок заради попреченост, чиј вкупен
      месечен нето доход во 2025 година не надминува:
       30.000 денари за едночлено домаќинство
       45.000 денари за домаќинство со два члена
       63.000 денари за домаќинство со три члена
       83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена
      (во пресметката не се вклучува надоместокот заради попреченост)
    2. Домаќинства со деца со попреченост (до 26 години), корисници на посебен додаток,
      со месечен доход во 2025 година до:

     45.000 денари за домаќинство со два члена
     63.000 денари за домаќинство со три члена
     83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена
    (во пресметката не се вклучува посебниот додаток)

    Едно лице може да поднесе само едно барање по домаќинство, не се опфатени лица кои
    користат цивилна или воена инвалиднина, корисници на гарантирана минимална помош и
    додаток за енергенси
    Аплицирањето ќе се врши исклучиво електронски преку платформата www.aplikanti.energy.gov.mk ,каде што барателите ќе треба да поднесат комплетна документација, вклучително и изјава заверена на нотар, соодветни решенија за остварени права, лична документација и докази за составот на домаќинството. Доколку апликацијата е некомплетна, ќе се овозможи рок за нејзино дополнување, согласно законските процедури.

    Изборот на корисници ќе се врши врз основа на уредни и комплетни апликации, сè до исцрпување на предвидените средства, а Министерството по службена должност ќе врши проверка на податоците преку надлежните институции. Листите на корисници и донесените решенија ќе бидат јавно објавени и доставени по електронски пат.

    Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот
    повик.
    Јавниот повик со сите информации и рокови може да го најдете на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za- dodeluvanje-na-potvrda-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-uredi-za-zastita- na-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2026-godina

    Со овој повик, Министерството продолжува со конкретна поддршка за најранливите категории граѓани, истовремено вложувајќи во енергетска ефикасност, намалување на трошоците за енергија и подобар квалитет на живот.

    Прочитај повеќе

    МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение

    20.10.2026 во 13:54

    Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија

    20.10.2026 во 13:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.