Author: Author 04

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ја истакна својата решеност да ја промени дводецениската матрица на управување со општината со изговорот „не можеме“, кога станува збор за реализирање на крупни проекти во интерес на граѓаните. Тој порача дека неговата кандидатура не е борба против личности, туку против менталитетот на „не можам“, кој, како што рече, го кочи развојот на Чаир веќе 20 години. Тој потсети дека повеќе од 20 години, од основањето на општината, Чаир се води без план, без идеја и без храброст, а граѓаните се навикнати на изговори и поразителното „не може“. „Имало…

Повеќе

„Лично сметам дека воопшто нема место за политика и политизирање во локалната самоуправа – ова постојано го повторувам. Како тоа ќе тераме политика за јавна хигиена? Или политика за квалитетот на градинките? За поддршката на возрасните, за социјалните проекти? Во тоа нема ништо политичко. Локалната самоуправа мора да биде сервис на граѓаните, и тоа е сè што треба да биде. Ова е моето поимање на позицијата градоначалник“, вели кандидатот за втор градоначалнички мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „Локално“. Тој нагласи дека очекува победа и поддршка од сите граѓани, без разлика на политичката припадност, затоа што…

Повеќе

Вчера во 21:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Б.(46) од кичевското село Стрелци, постапувајќи по претходна пријава дека во селото физички го нападнал Г.С.(50) од истото село, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кичево. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Бранко Станоевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Гостивар и велосипед управуван од И.З.(84) од Гостивар, информираат од СВР Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д.(68) од Скопје. При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.Ѓ.(58) од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта. Ноќеска во 01:45 часот на ул.„Леце Котески во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија…

Повеќе

Во периодот од 6 до 12 октомври, сообраќајната полиција при МВР спроведува засилени контроли за употреба на мобилен телефон и слушалки за време на возење. „Акцијата е дел од меѓународната ROADPOL кампања „Фокус на патот“, која се одвива истовремено во 34 европски држави. Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати! Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот. Возачи и пешаци – не ризикувајте! Телефонот оставете го на страна додека возите или преминувате улица. Рацете на воланот, очите на патот – телефонот почекајте го подоцна!“, стои во соопштението…

Повеќе

Безбедноста е основата врз која се гради економскиот развој, довербата во институциите и квалитетот на живот на граѓаните. Министерството за внатрешни работи е целосно посветено на процесите на дигитализација, модернизација и транспарентност, со цел да создадеме безбедносна средина што ќе одговара на потребите на 21. век. Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на отворањето на јубилејното, десетто издание на Adria security summit, кое вторпат, се одржува во нашата земја, во Скопје. Тој додаде дека овој самит претставува најзначајна регионална платформа што ги обединува сите кои се посветени на создавање посигурни и поотпорни заедници, претставници на институции,…

Повеќе

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов. Тој беше роден на 21 август 1958 година во Кавадарци. Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија. – Утрово добивме потврдена информација. Починал Панчо Минов. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија, има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа. Мислам дека не се отштампани уште ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ги информира жителите на Автокоманда дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда. Со ова официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање. „Решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија. Во моментов интензивно се работи на изработка на проектот за обележување на улиците и поставување на потребната сигнализација, а активностите на терен ќе започнат во најкус можен рок“, истакна Стефковски. Како што посочи тој во објавата, она што е од особена важност, е тоа што секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање, со што се обезбедува правична…

Повеќе